Спорт
Синер го победи Руне и го однесе Ѓоковиќ во полуфинале

Последниот меч во Зелената група на Завршниот мастерс во Торино ја реши судбината на Новак Ѓоковиќ. Јаник Синер го победи Холгер Руне и му обезбеди на светскиот број 1 место во полуфиналето.
Фантастичен меч, кој траеше нешто повеќе од два часа и 30 минути одиграа идните големи ѕвезди на светскиот тенис.
Синер, во групата ги забележа сите три победи, во последното коло славеше над Руне со 6:2, 5:7, 6:4.
Првиот сет мина во целосна доминација на италијанскиот тенисер, кој с дупли брејк експресно дојде во предност од 4:0, а нешто подоцна и го освои сетот.
Драмата започна од вториот сет, кој донесе голема борба, извонреден тенис и неколку брилијантни поени. Синер имаше една брејк топка која не ја искористи, за разлика од Руне кој брејкот го направи во 11. гем кога ја искористи третата топка за брејк. Подоцна без загубен поен го освои својот сервис гем и изедначи на 1:1.
Во решавачкиот сет, Синер константно притискаше, не ги користеше брејк шансите, но Руне тоа не успеа да го казни во осмиот гем. Веќе во наредниот Синер имаше три врзани брејк топки, ја искористи третата, а потоа со мали проблеми го освои и својот сервис гем за конечен триумф.
Во петок на програмата се мечевите од последното коло во Црвената група Зверев-Рубљов и Медведев-Алкараз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спасувачите нема да ги извлечат телото на Далмаер – Ќе исполнат нејзината желба

Спасувачите во Пакистан гсе откажаа од плановите за извлекување на телото на двојната олимписка шампионка, германската репрезентативка во бијатлон, Лаура Далмаер (31). Решија да ја испочитуваат нејзината последна желба да се избегне загрозување на животите на другите луѓе, изјави алпинистот Томас Хубер за „ДПА“ во четвртокот.
Далмаер почина во понеделникот во одрон на карпа во близина на врвот Лаила, висок 6.069 метри, во планинскиот венец Каракорам, соопштија нејзините претставници и локалните власти.
Таа беше прогласена за мртва во среда навечер откако воздушните и копнените операции за спасување од врвот Лаила во регионот Гилгит-Балтистан (ВБ) беа неуспешни.
Пакистанските власти, вчера изјавија дека спасувачките екипи предводени од меѓународни алпинисти и локални носачи на голема надморска височина ќе започнат нова операција за преземање на нејзиното тело.
„Кога го видовме телото на Лаура, беше јасно дека таа нè напуштила. Како искусни планинари, решивме да не одиме и да го извлекуваме нејзиното тело“, рече Хубер, кој е во регионот на ВБ.
„Телото се наоѓа на многу тежок терен, што би го изложило спасувачкиот тим на голем ризик“, рече германски алпинист кој беше дел од спасувачкиот тим.
„Одлучивме да ја почитуваме последната желба на Лаура. Таа не сакаше никој да го ризикува својот живот за неа“, додаде тој.
Северниот регион на Пакистан е дом на неколку прекрасни врвови, вклучувајќи и некои што се издигаат над 8.000 метри. Секоја година, регионот привлекува стотици планинари од целиот свет, вклучително и од Европа.
Несреќите, понекогаш фатални, се чести за време на овие експедиции, особено при искачување на вториот највисок врв во светот, К2 (8611 м) и Нанга Парбат (8126 м).
Кралицата на Светското првенство во Хохфилзен во 2017 година, со дури пет титули и еден сребрен медал во шест дисциплини, Лаура Далмаер освои злато во спринт и потера, како и бронза во поединечна трка, на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг.
За време на нејзината најдобра сезона на Светското првенство 2016/17, Баварката го освои и големиот Кристален глобус за вкупен пласман.
По Пјонгчанг, таа ја заврши кариерата во 2019 година, на 25-годишна возраст.
Спорт
ПСЖ доаѓа на eвропскиот Суперкуп без подготвителни натпревари

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе дојдат на натпреварот од eвропскиот Суперкуп против Тотенхем на 13 август во Удине без да одиграат ниту еден подготвителен натпревар.
Таа одлука ја донесе тренерот на европските шампиони, Луис Енрике, кој им го продолжи одморот на своите фудбалери за уште два дена.
ПСЖ ќе започне со тренинзи на 6 август и по само седум дена работа, ќе играчите ќе имаат можност да го освојат првиот трофеј во новата сезона.
Шпанскиот стручњак очигледно решил да ги награди играчите за брилијантните резултати што ги остварија минатата сезона.
„Светците“ ја освоија Лигата на шампионите за прв пат во историјата, ги собраа сите трофеи во Франција и стигнаа до финалето на Светското клупско првенство, во кое неочекувано загубија од Челзи.
Фото/ Принскрин
Спорт
Васер останува шеф на Ферари

Французинот Фредерик Васер го продолжи договорот со Ферари и ќе остане директор на италијанскиот тим од Формула 1, објави денес Ферари.
Васер, стана шеф на Ферари на почетокот на 2023 година. Италијанските медиуми шпекулираа дека неговата иднина е неизвесна, поради незадоволителната прва половина од сезоната, но него јавно го поддржаа возачите на тимот, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња, изјави дека одлуката за продолжување на соработката е заснована на доверба и заедничка амбиција.
Иако Ферари сè уште го држи рекордот по број на освоени шампионски титули во конкуренција на конструктори, последната титула датира од 2008 година, додека последен пат славеа во конкуренција на возачи во 2007 година со Кими Раиконен.
Васер се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека го чека нов предизвик откако „постави цврсти темели“ во текот на првите 30 месеци на чело на тимот.
Во овогодинешното првенство, Леклер и Хамилтон го заземаат петтото и шестото место во генералниот пласман, додека Ферари е втор во конкуренцијата на конструктори, 268 поени зад лидерот Мекларен.