Спорт
Синер лесно се справи со Шелтон

Јаник Синер ќе ја брани титулата на Австралија опен. Првиот носител во полуфиналето го победи Бен Шелтон со 7:6, 6:2, 6.2. Мечот траеше два часа и 36 минути. Противник во финалето ќе му биде Александар Зверев.
Синер имаше големи проблеми во првиот сет, Шелтон сервираше за предност од 1:0, но не успеа да го освои сетот. Синер потоа издоминира во тај-брејкот откако беше јасно дека Американецот со мислите се уште е во претходниот гем, во кој не искористи две сет топки.
Вториот и третиот сет беа рутина за Синер. Направи по два брејка и го реши мечот.
Шелтон, 20. на АТП листата, немаше константност за да му се спротивстави на светскиот број 1.
Финалето на Австралија опен ќе се одигра в недела со почеток во 9 часот по средно-европско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија во баражот за СП ќе биде во третиот или четвртиот „шешир“

Англија прва од европската квалификациска зона обезбеди пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Европа на Мундијалот ќе биде застапена со 16 национални тимови. Ситемот е таков што директен пласман обезбедуваат 12-те победници на групите.
Останатите четири селекции од Европа ќе бидат победниците на мини-квалификациските турнири (четири екипи ќе учествуваат на секој).
12 второпласирани од квалификациите и четири победници на групите во Лигата на нации, кои нема да изборат директен пласман на Светското првенство или нема да завршат на второто место во групите, ќе играат во плејофот.
Репрезентациите кои беа победници, без оглед на тоа дали играа во Лигата на нации А, Б, Ц или Д, имаат приоритет.
Во овој момент, четирите репрезентации кои би играле во плејофот се Шведска, Македонија, Северна Ирска и Молдавија. И тие би биле во четвртиот шешир на ждрепката.
Останатите три шешири ќе бидат направени според ранг-листата на ФИФА во ноември, кога ќе завршат квалификациите.
Каква е ситуацијата во овој момент?
Италија, Турција, Украина и Полска би биле во првата „група“, Велс, Унгарија, Шкотска и Чешка во втората, а Словачка, Романија, Албанија и Косово во третата.
Инаку, доколку Македонија го освои второто место во групата, тогаш на ждрепката за баражот ќе биде во третиот „шешир“.
Ќе се игра само еден натпревар, домаќините во полуфиналето ќе бидат избрани од подобрите шешири, а екипите од првиот шешир ќе се сретнат против екипите од четвртиот шешир, а екипите од вториот ќе се сретнат со оние од третиот. Домаќинот на финалето ќе биде одреден со ждрепка.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
📊 Current FIFA points for teams expected in WC playoffs (as of 14 Oct):
Pot 1: 🇮🇹 1717, 🇹🇷 1570, 🇺🇦 1555, 🇵🇱 1524
Pot 2: 🏴 1519, 🇭🇺 1505, 🏴 1504, 🇨🇿 1485
Pot 3: 🇸🇰 1483, 🇷🇴 1480, 🇦🇱 1401, 🇽🇰 1285
Pot 4: 🇸🇪 🇲🇰 NIR 🇲🇩 (UNL entrants)▪️🇭🇺 with very valuable +6.2 pts. They now…
— Football Meets Data (@fmeetsdata) October 14, 2025
Спорт
Ждрепката за Мундијалот е во декември, ќе учествуваат 42 од 48 репрезентации

Квалификациите за Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, се во полн ек. За потсетување, Светското првенство во 2026 година ќе биде најголемото досега и на него ќе учествуваат 48 екипи, 16 повеќе отколку на последното Светско првенство во Катар. Досега пласман изборија 28 репрезентации.
Една третина од учесниците, 16, ќе бидат од Европа. Ќе има девет репрезентации од Африка, осум од Азија, шест од Јужна Америка, како и од Северна и Централна Америка. Едно место беше доделено на Океанија.
Тоа се вкупно 42 репрезентации. Последните шест патници на Светското првенство ќе бидат одредени преку бараж натпревари и интерконтинетални турнири.
Последните четири селекции од Европа ќе бидат победниците на мини-квалификациските турнири (четири екипи ќе учествуваат на секој), додека остатокот од светот ќе ги даде двата финалисти преку Интерконтинеталниот турнир, еден од новитетите на ФИФА.
Интерконтинеталниот куп е турнир што ќе се одржи во Мексико во март 2026 година, поточно во Гвадалахара и Монтереј. Всушност, станува збор за два мини-турнира на кои ќе учествуваат вкупно шест екипи, по три во секој.
На турнирот ќе учествуваат по еден претставник од секоја континентална асоцијација, освен УЕФА, додека КОНКАКАФ (Северноамериканската конфедерација) ќе добие два тима на тој турнир.
По три екипи ќе го играат на двата турнири. Репрезентацијата што е најдобро пласирана на листата на ФИФА ќе чека во финалето.
Останатите два тима ќе играат во полуфиналето. Победниците на мини-турнирот (вкупно две репрезентации) ќе стигнат до Светското првенство на овој начин.
Со оглед на тоа што ждрепката за групите на Светското првенство е на 5 декември, таа ќе ги вклучи имињата на 42 репрезентации и шест неименувани победници на дополнителни квалификациски турнири.
Веќе се познати двајца селекции учеснички на турнирите во Мексико. Нова Каледонија, која беше втора во квалификациите во Океанија и Боливија, која заврши седма во квалификациите за Јужна Америка. Други места се уште се отворени.
На турнирот ќе учествуваат уште две северноамерикански нации кои ќе завршат втори во своите групи (Костарика и Курасао имаат најголеми шанси досега), победникот од плејофот помеѓу Ирак и Обединетите Арапски Емирати и победникот од плејофот од Африка во кој ќе учествуваат четири репрезентации. Тоа се Габон, Нигерија, ДР Конго и Камерун.
Спорт
(Видео) Собослаи ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Унгарија ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на Светското првенство. Вечерва на „ Хозе Алваладе“ стадионот во Лисабон, Португалија и Унгарија ремизираа 2:2.
Промоцијата на Португалија ја одложи играчот на Ливерпул, Доминк Собослаи со голот во 91-та минута.
Португалците ја предводат групата со 10 поени, пет повеќе од Унгарија и сигурно е дека во наредната рунда, во ноември ќе го обезбедат пласманот на планетарната смотра.
Дека „скапо ќе ја продадат кожата“ во Лисабон, Унгарците најавија во осмата минута кога Атила Салаи погоди за 0:1.
Во финишот на полувремето на сцената стапи Кристијано Роналдо и со два гола делириум кај воодушевената публика во Лисабон.
Во исто време, славниот Португалец стана нов рекордер по бројот на голови во квалификациите за Светското првенство. Со овие два гола, тој постигна вкупно 41 гол на 50 квалификациски натпревари и со тоа го престигна Карлос Луиз од Гватемала на листата на стрелци на сите времиња. Трет е уште славен фудбалер, Аргентинецот Лео Меси со 36 гола.
Кристијано Роналдо ја напушти играта во 78-та минута, а како натпреварот се приближуваше кон крајот португалските навивачи почнаа да го слават пласманот на Светското првенство.
Сепак, во судиското надополнување, тие беа шокирани од голот на унгарскиот капитен Доминик Собослај.
Foto/ EPA