Спорт
Синер владее со светскиот тенис, Ѓоковиќ го бележи најлошиот пласман од 2018 година
Јаник Синер го освои завршниот Мастерс во Торино, а уште претходно ја обезбеди првата позиција на АТП лустат на крајот од годината. Новак Ѓоковиќ пак го бележи најлошиот пласман на листата од 2018 година.
Ѓоковиќ, поради повреда не ја бранеше титулата во Торино, поради што назадуваѓе за една позиција. Србинот годината ја заврши на седмото место со 3.910 поени.
Убедливо прв на АТП листата е Италијанецот Јаник Синер, кој ја зголеми предноста со освојувањето на титулата во Торино. Синер има 11.830 бодови, 3.915 повеќе од второпласираниот Александар Зверев од Германија.
Третото место го задржа Шпанецот Карлос Алкараз, додека финалистот на завршниот мастерс Американецот Тејлор Фриц го презеде четвртото место од Русинот Данил Медведев, што е негов најдобар пласман во кариерата.
Норвежанецот Каспер Руд, полуфиналист во Торино напредуваше за едно место, на шестото место.
На АТП лустата зад Ѓоковиќ се Андреј Рубљов, Алекс Де Минор и Григор Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кошаркарите ги започнаа подготвките за двомечот со Литванија
Фото/ kfsm.mk
Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготвките за двомечот со Литванија, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Макеоднија во четврток ќе ја пречека Литванија во Скопје, натпреварот ќе започне во 18 часот, а на 24.ноември ќе гостува во Литванија.
Победа и пораз имаат македонските кошаркари по првите две рунди во Х групата. Идентичен учинок имаат и Литванците, а лидер во групата е Естонија со две победи, додека Полска е последна со два порази.
Една победа, во двата натпревар, против фаворизираната Литванија ќе ги отвори на Македонија портите за пласман на Европското првенство.
„Работите се такви што мораме да победиме да победиме на еден натпревар за да ги задржиме шансите за пласман на следното европско првенство. Литванија е фаворит, тоа е една исклучително добра репрезентација. Натпреварот во Скопје ќе покаже дали сме подготвени за настап на Европско првенство“, рече селекторот Александар Јончевски.
Селекторот и стручниот штаб се соочуваат со сериозни кадровски проблеми пред првиот натпревар. Поради обврски кон своите клубови во Евролигата првиот натпревар ќе го порпушти Ненад Димитирјевиќ, исто така и Ти-Џеј Шортс и покрај тоа што изборот за натурализиран кошаркар е Итан Хап.
И кошаркарот на Валенсија веројатно ќе го порпушти првиот меч поради здравствени проблеми. Против Литванија во Скопје нема да игра и плејмејкерот на МЗТ, Андреј Магдевски.
Спорт
Барселона без Мету до крајот на годината
Крилниот центар на Барселона, Чимези Мету, доживеа тешка повреда минатата среда против Париз.
Кошаркарите на Барселона во средата го победија Партизан во Арената, а потоа во петокот беа поразени од Париз во двојното коло од Евролигата во Блауграна.
На натпреварот против Париз крилениот центар, Чимези Мету го повреди коленото и Барса стравуваше од лоши вести, а според официјалното соопштение на клубот, Мету е тешко повреден.
„Тестовите потврдија дека нашиот играч Чимези Мету заработил повреда на медијалните лигаменти (МЦЛ) на левото колено и се работи за повреда од втор степен. Се претпоставува дека за шест до осум недели ќе се врати во тимот“, соопшти Барселона.
Чимези Мету дојде во Барселона ова лето, тој е поранешен студент на УСЦ кој играше во НБА од 2018 до 2024 година за Сан Антонио Спарс, Сакраменто Кингс, Феникс Санс и Детроит Пистонс.
Во Евролигата на 10 одиграни натпревари во дресот на Барселона има просек од 7,9 поени и 4,4 скока.
Les proves realitzades han confirmat que el jugador Chimezie Metu ha patit un esquinç de grau 2 del lligament col·lateral intern del genoll esquerre. Seguirà un tractament conservador, amb un temps aproximat de recuperació d’entre 6 i 8 setmanes. pic.twitter.com/1u92E9MBr6
— Barça Basket (@FCBbasket) November 18, 2024
Спорт
Надал: По Дејвис купот ќе се случи голема промена во мојот живот
„Нема да размислувам за пензија, важно ми е само ако можам да и помогнам на Шпанија да уште еднаш да го освои Дејвис куп“, изјави шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој наскоро ќе ја заврши кариерата.
Легендарниот тенисер, кој во својата брилијантна кариера освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 на Ролан Гарос, претходно најави дека крајот на Дејвис купот оваа година ќе биде крај на неговата кариера.
„Доколку сум на теренот во Малага, најважно ќе ми биде да ги контролирам емоциите. Не сум во репрезентацијата за да се пензионирам, тука сум ако треба да помогнам на патот кон новата титула. Ова ќе биде мојата последна недела, но јас сум во служба на тимот и сакам севкупна победа“, изјави 38-годишниот Надал, кој во текот на својата кариера четири пати го освојуваше ова натпреварување со Шпанија, во 2004, 2009, 2011 и 2019 година.
Сега првото име на шпанската репрезентација е Карлос Алкараз, а Надал би можел да му помогне на тимот за време на Дејвис купот во двојки.
„Се чувствувам добро, а емоциите околу заминувањето ќе испливаат на површина дури на крајот. Работам, тренирам и сакам да бидам целосно подготвен ако дојде моментот кога треба да помогнам. По Дејвис купот ќе се случи голема промена во мојот живот. Најдобро е тоа што ќе можам да се збогувам во мојата земја, пред моите навивачи и во кругот на мојата репрезентација“, рече Надал.
Малага ќе биде домаќин на финалето на Дејвис купот од 19. до 24. ноември, а Шпанија во четвртфиналето ќе игра со Холандија. Останатите четвртфинални двојки се Германија – Канада, Италија – Аргентина и САД – Австралија.