Спорт
Синглтон се врати во Ефес
Искусниот американски крилен центар Крис Синглтон повторно е играч на двократниот последователен победник на Евролигата, Анадолу Ефес. Клубот од Истанбул и официјално потврди дека 33. годишниот од Џорџија, по шест месеци отсуство се враќа во тимот на Ергин Атаман.
Ефес нема константна форма во првата полусезона од Евролигата, а од неодамна е познато дека тимот повеќе не смета на Италијанецот Акиле Полонара.
Синглтон беше играч на Ефес од 2019 година до летото 2022 година, кога по освојувањето на втората титула во Евролигата ја раскина соработката со клубот.
Овој крилен центар висок 206 сантиметри има и искуство во НБА, бидејќи играше за Вашингтон Визардс од 2011 до 2014 година.
Европската кариера ја започна во 2015 година во Локомотив Кубам, потоа играше за Панатинаикос и Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда во триумфална серија, Динамо доживеа дебакл во Загреб
Фудбалерите на Црвена звезда победија во Штурм во 6. коло од Лигата на Европа и ја задржаа шансата да ја обезбедат европската пролет, додека од друга страна Динамо од Загреб доживеа пораз на домашен терен од Бетис.
Звезда победи со 1:0 во Грац со голот на Мирко Иваниќ во 55-та минута. По лошиот старт во Лига Европа, кога во првите три рунди освоија само еден бод, во наредните три кола, црвено-белите забележаа три идентични победи од 1:0, пред Штурм славеа над Лил и ФЦСБ.
Фудбалерите на Динамо доживеаа убедлив пораз (1:3) од Бетис. Натпреварот беше решен во првиот дел, кога Бетис од 31-та до 38-та минута постигна три гола.
Гостите од Севилја поведоа со автоголот на Домингез, а потоа следеа головите на Рикелме и Антони.
Утешниот гол за домашните го постигна Галешиќ во 89. минута.
На две кола пред крајот, Звезда има 10 бода и можна шанса за Топ 8, додека хрватскиот претставник е на седум бода.
Црвено-белите се во групата на тимови со ист број на бодови, кои на табелата се наредени од 14-то до на 17-то место, додека Динамо се наоаѓа на 26-та позиција.
Лига Европа, шесто коло:
Динамо – Бетис 1:3 (0:3)
/Галешиќ 89 – Домингез 31 г., Рикелме 34, Антони 38/
Ференцварош – Ренџерс 2:1 (1:1)
/Отвос 45+5, Варга 72 – Миовски 27/
Лудогорец – ПАОК 3:3 (1:1)
/Станиќ 33, Вердон 71, Чоичев 77 – Десподов 39, Вољако 48, Миту 90/
Митјиланд – Генк 1:0 (1:0)
/Чо 17/
Ница – Брага 0:1 (0:1)
/Виктор 28/
Штурм Грац – Црвена Звезда 0:1 (0:0)
/Иваниќ 55/
Штутгарт – М. Тел Авив 4:1 (2:0)
/Асињон 24, Томас 37, Мителштад 50 пен, Вагонман 90+4 – Ревиво 52/
Утрехт – Нотингем Форест 1:2 (0:0)
/Ван дер Хорн 73 – Калимуендо 52, Игоир Жесус 88/
Јанг Бојс – Лил 1:0 (0:0)
/Малеш 61/
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Миовски стрелец, Ренџерс поразени од Ференцварош
Глазгов Ренџерс загубија во Будимпешта од Ференцварош (2:1), во шестото коло, во Лига Европа.
Пкотскиот великан водеше со спектакуларниот гол на Бојан Миовски во 27-та минута. Македонскиот репрезентативец влегува во форма, откако беше стрелец изминатиот викенд, во Премиер лигата на Шкотска.
Ференцварош до крајот на полувремето изедначи, во петтата минута од судиското надополнување на времето погоди Отвос. Победата на Унгарците им ја донесе Варга во 72-та минута.
По шест рунди Ренџерс се на 33-то место со само еден бод и реално без шанси за пласман во нокаут фазата, додека Ференцварош со 14 бодови се наоѓа на четвртото место.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Шкендија го победи Слован Братислава
Фудбалерите на Шкендија го победија Слован од Братислава со 2:0 (2:0), во петото коло во Конференциската лига. Шкендија дојде до втората победа и вкупно седмиот бод, што и донесе скок на 18-то место на табелата. Шкендија сега има реални шанси да се пласира во нокаут фазата.
Шкендија го скрши Слован во втората половина од првото полувреме. Во 33-та минута Бајриќ си постигна авто гол, а во првата минута од судиското надополнување на времето, водстото го дуплираше Спахиу.
Покрај освоените три бода, Шкендија за овој триумф ќари и 400.000 евра, колку што УЕФА ја вреднува победата во Конференциската лига.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI

