Спорт
Синиша Михајловиќ е во болница: „Може да живее уште десет дена или уште 30 години“

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ е во болница откако неговата здравствена состојба е сериозно влошена. Тој подолг период се бори со леукемија.
„Синиша е во болница, свесен, буден. Ниту е во кома како што најавуваат некои, ниту бил во кома. Денеска е уште подобро од вчера, завчера и завчера, но сепак е во божји раце“, изјавија пријатели на Михајловиќ за срспките медиуми.
“Може да живее уште 10 дена, а може да живее и 30 години. Таква е болеста. Свесен е за тоа, свесно е и неговото семејство”, изјави близок пријател на српскиот тренер.
На Синиша Михајловиќ му беше дијагностицирана леукемија летото 2019 година. Ја доби битката неколку пати и се враќаше како голем борец и победник. Пред десетина дена состојбата повторно му се влоши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Распродадени се билетите за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина

Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.
„Вашата поддршката многу ни значи! Ви благодариме! Достоинствено да навиваме и да го поддржиме нашиот клуб во големото европско финале, на патот до европска титула! Се гледаме во сала!“, објавија од РК Алкалоид.
Спорт
Рафиња го продолжил договорот со Барселона

Еден од најдобрите фудбалери на Барселона, 28-годишниот бразилски крилен напаѓач Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиот клуб за една сезона и треба да остане во Барса до крајот на јуни 2028 година.
Ова го објавија британските медиуми, повикувајќи се на познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо, кој е еден од најдобро информираните новинари кога станува збор за трансфери на фудбалери.
Манчестер јунајтед сакаше да го види бразилскиот репрезентативец и за него понуди 70 милиони евра. Иако Барселона е во тешка финансиска ситуација, раководството одлучи дека продажбата на Рафиња не доаѓа предвид.
Бразилскиот напаѓач пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра, а оваа сезона постигна 34 гола и имаше 25 асистенции во сите натпреварувања. Тој одигра 143 натпревари за Барса, постигна 54 гола и имаше 50 асистенции.
Спорт
Навивачите на Милан во знак на протест во сабота ќе го напуштат „Сан Сиро“

Навивачите на Милан објавија дека ќе го напуштат стадионот „Сан Сиро“ по 15 минути од натпреварот со Монца во сабота. Тоа ќе биде последиот меч за Милан оваа сезона. Во минатото коло со поразот од Рома (3:1), Милан и ги загуби шансите да се натпреварува во европските купови следната сезона.
„Ќе пешачиме од „Каса Милан“ до стадионот „Сан Сиро“, каде што ќе ги поминеме првите 15 минути. Сакаме нашите гласови да бидат слушнати. После тоа, ќе ги оставиме играчите и администрацијата, нека бидат сами во својот срам. Со почит кон сите, покануваме што е можно повеќе навивачи да се соберат оваа сабота“, се вели во соопштението за медиумите на ултрас групата „Курва Суд“.
Навивачите на Милан беа многу критични кон раководството на клубот, предводено од директорот Гери Кардинале, иако Милан освои еден трофеј оваа сезона, Суперкупот на Италија.
Но, во среде сезоната, тренерот Пауло Фонсека беше отпуштен, на неговото место дојде Сержо Консеисао, одлука која не се покажа како добра.
Милан нема да игра во европските купови за прв пат по сезоната 2019/2020.