Спорт
Синот на Врбица Стефанов ја напуштил репрезентацијата до 18 години
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години успешно ги реализираше планираните активности поврзани со настап на Европското првенство од А – Дивизија, кое од 30. јули до 7. август ќе се одржи во Измир, Турција. Селекторот Тони Симиќ ги одбра дванаесетте кошаркари кои ќе ги бранат националните бои, а меѓу нив се уште не знае дали ќе биде и Рубин Стефанов, синот на легендата Врбица Стефанов, кој самиот ги напуштил подготовките.
„Имавме доволно време да се подготвиме, заедно сме повеќе од еден месец, одигравме осум пријателски натпревари од кои победивме седум. Тоа е одлично за самодовербата на кошаркарите, но главното не очекува од 30 јули до 7 август бидејќи тогаш се бројат резултатите. Федерацијата ни излезе во пресрет за се што побарав како селектор, ги имавме сите потребни услови за работа и тренинзи и од тој аспект сме максимално задоволни.
Секој од играчите имаше доволно простор да покаже колку може и со кои квалитети располага и мислам дека овие 12 кои ќе патуваат на првенството се најдобрите во моментов. Ќе учествуваме во А-дивизијата, а таму се најквалитетните репрезентации во цела Европа во оваа конкуренција. Јасно е дека не одиме како фаворити на првенството, влеговме во А-дивизијата поради административни причини, но заслужуваме да играме тука поради се што направивме во минатото.
Мислам дека оваа селекција има квалитет за да направиме добар резултат. Најважно е да обезбедиме опстанок во А-дивизијата за и идната година, следната генерација што доаѓа да може да игра против најдобрите во Европа. Ме радува тоа што атмосферата е фантастична, младите кошаркари дишат како еден, последните десетина дена постојано бевме заедно, прво во Гевгелија, потоа во Хрватска и сметам дека сме подготвени за следниот предизвик.
Што се однесува до Рубин Стефанов, по настапот во А-репрезентацијата, заедно со Теодор Симиќ, се врати на подготовките на јуниорската селекција. Пред натпреварот против Швајцарија во Скопје се пожали на болки во зглобот и одлучивме да не му правиме притисок за да не се влоши состојбата.
На турнирот во Гевгелија почна да демонстрира незадоволство поради минутажата. Јас се обидував да ги распределам минутите кај сите играчи со цел доволно да се воиграме, а во исто време да не дојде до премор кај нив. По турнирот зборувавме и Рубин ми рече дека се е во ред.
Во Хрватска одигравме двомеч, Рубин играше на првиот натпревар и не се пожали на ништо. На вториот, излезе од игра по пет минути, седна на клупата и се понесе крано непрофесионално – ги одврза патиките и посочи дека не сака да игра. Поминав и преку тоа, му реков дека мора да се однесува како професионалец, треба да ги заврзе патиките и да се подготвува да игра, дека не сме дојдени на екскурзија. Ме послуша, седна на клупата, но побара да не игра до крајот.
По враќањето од Хрватска, јас немав никаква информација дека играчот нема да продолжи. Во четвртокот попладне ми се јави спортскиот директор дека родителот му кажал дека не гледа причина и потреба Рубин да продолжи да игра за репрезентацијата. Едноставно, го напушти тимот иако јас сметав на него и требаше да има значајна улога во оваа селекција. Очекував Рубин да дојде и да ми го каже тоа мене в лице, како што јас со него разговарав во Гевгелија.
Четвртокот и петокот ни беа слободни, а во саботата тој не се појави на тренинг и оттогаш не е во тимот. Јас не барам алиби, но пред патувањето за Измир би требало да се знае каква е ситуацијата“, информира селекторот Тони Симиќ за сајтот на КФСМ.
Репрезентацијата заминува за Турција претстојниот четврток, на 28. јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите…“
Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гери Невил, во еден подкаст открија дека дека со денови се пијанеле по натпреварите во Премиерлигата. Станува збор за периодот кој некии го нарекуваат и златна ера на тимот кој тогаш го предводеше сер Алекс Фергусон.
„Луѓето велеа дека сум добар професионалец, но некои работи што ги правев беа апсолутно срамни – покајано вели Кин.
Детално опиша како се пијанчел, особено во нефудбалските денови.
„Многу пати одев во сабота по натпреварот, во недела, понеделник, вторник… Да бидам фер, би ја поставил границата во среда“, откри освојувачот на седум Премиер лиги, четири ФА купови и Лигата на шампиони.
Во 2002 година, Ирецот во својата автобиографија „Второто полувреме“ призна:
„Имаше период, во раните 90-ти, кога бев алкохоличар. За среќа, успеав да се извлечам од тој виор. Сега пијам само вода.“
Гери Невил го надополни соиграчот, велејќи дека многу од најдобрите играчи биле озлогласени алкохоличари.
„Причината поради која се извлекувавме е што другите тимови го правеа истото. Сè додека секој можеше да испие десет големи кригли, бевме на исто ниво на кондиција“, раскажа трофејниот десен бек од „Олд Трафорд“.
„Знаете… Јас го анализирам периодот пред сезоната 1995/96 година, сите играчите го правеа истото. Помеѓу 1996 и 2000 година фудбалот стана многу професионален и дојдоа нутриционистите…“
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.