Спорт
„Сите за Кочани – трчаме заедно“ – хуманитарна трка утре во Скопје

Утре, недела, со почеток во 10 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележувањето на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“.
Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Свети Пантелејмон и обратно.
Сите приходи ќе бидат наменети за поддршка на жртвите од Кочани.
МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Александар Зверев морал да го смени авионот на пат кон француската престолнина, бидејќи првиот бил погоден од гром, поради што принудно слетал. Инцидентот се случил додека Зверев патувал на Ролан Гарос, вториот грен-слем турнир во сезоната, кој започнува в недела, заедно со уште неколку колеги.
„Патувањето беше всушност феноменално. Тоа се некои смешни приказни. Моето патување беше забавно затоа што требаше да летаме вчера вечер во 18:45 часот и полетавме од Хамбург. Летав заедно со Лехечка, Накашима, неколку играчи, и бевме погодени од гром“, рече Зверев и додаде:
„Моравме итно да слетаме во Хамбург. Не можевме да најдеме друг авион, сите заедно полетавме следното утро“, ракажа тенисерот.
Зверев и оваа година ќе биде меѓу главните фаворити на Ролан Гарос
Спорт
Чави сè уште не ја преболел Барселона

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, не планира да се врати на работа пред 2026 година.
Чави го напушти „Камп Ноу“ во мај 2024 година по турбулентен период.
Во својата прва сезона на клупата на Барселона, тој го освои шпанското првенство, а во последните месеци од неговиот мандат беше опкружен со негативна енергија и притисок.
Шпанецот истакна дека има желба за нов предизвик, но дека сè уште чувствува огорченост поради целата ситуација, пред се начинот на кој што си замина од Барселона.
„Не брзам, но би сакал вистински проект, нешто како: „Имате четири години да изградите тим, имате време“.
Тој додаде дека е подготвен повторно да се „жртвува“ за фудбалот, но признава дека не верува дека некогаш повторно ќе го доживее емотивниот ролеркостер што го имаше како тренер на Барселона.
„Подготвен сум повторно да „страдам“, но не мислам дека некогаш ќе страдам како што страдав во Барселона. Таму сè беше премногу емотивно, особено затоа што бев навивач на клубот“, искрено рече Чави.
Спорт
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Грција.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат своите возила во близина на спортскиот центар.