Спорт
Сити го растури Ливерпул
Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Ливерпул со 4:1 (1:1), во дербито на колото во Премиер лигата. Ситиуште еднаш одиграа одличен натпревар, а особено импресивни беа во второто полувреме. Со ист број на одиграни натпревари, по 28, Сити сега има пет бода помалку од лидерот Арсенал. Ливерпул се шести на табелата, но во зависност од резултатите во ова коло можат да паднат на деветтото место.
Манчестер сити му одржа час по фудбал на Ливерпул и покрај тоа што „црвените“ го постигнаа првиот гол на мечот. Салах одлично реагираше и ја реализираше контрата на Ливерпул во 17.минута.
Од тој момент Сити запона да го „гази“ противникот. Јирген Клоп не најде начин како да ја запре осовината Грилиш-Де Брујне-Марез.
Десет минути по голот на Салах, сјајна тимска акција на Сити, која со гол за заврши Хулијан Алварез.
50 секунди игра во вториот дел им беа потребни на домаќините за да го постигнат вториот гол. Погоди Де Брујне. Седум минути подоцна Гундоган ги разреши дилемите околу конечниот победник.
Во 74. минута играчот на натпреварот Грилиш стави точка на мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Зидан се договорил со Фудбалската федерација на Франција
Зинедин Зидан постигнал договор да ја преземе француската репрезентација, тврди фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Многу пати, познатиот фудбалер нагласувал дека негов голем сон е да ја води фудбалската репрезентација на Франција.
Сонот ќе му се оствари, бидејќи Зидан се смета за единствен наследник на Дидие Дешан на таа позиција.
Дешан веќе објави дека ќе се повлече од селекторската позиција по Светското првенство, и може да се каже дека Зидан е најблиску до селекторската функција.
Поранешниот светски и европски шампион со француската репрезентација во својата кариера го водеше само Реал Мадрид, со кого успеа да освои три последователни Лиги на шампиони, што никој друг не успеа.
Од 2021 година, кога се раздели со „кралскиот клуб“, во својот втор мандат, тој немал клуб.
Foto/ depositphotos
Спорт
Чави би можел да се пресели во Премиер лигата
Челниците на Тотенхем не се задовлни од резултатите и играта, поради што сериозно размислуваат за смена на менаџерот Томас Франк.
По 16 кола, Тотенхем е на 11-то место во Премиер лигата. Освен лошите резултати, данскиот тренер Томас Франк, кој го презеде клубот во јули, е најмногу критикуван за тоа што не воспостави препознатлив стил на игра. Исто така, раководството смета дека нема напредок во играта на Тотенхем.
Британските медиуми објавуваат дека раководството на клубот проценува дека поранешниот играч и тренер на Барселона, Чави Ернандез (45), би бил одлично решение.
Во нивна корист е фактот дека легенда на Барселона моментално е без работа. Откако ја заврши кариерата, започна нова како тренер во Ал-Сад во Катар, а од ноември 2021 до јуни 2024 година ја водеше Барселона. Тој беше шампион на Ла Лига со Барселона во 2023 година.
Во Тотенхем веруваат дека Чави, со своето играчко и тренерско искуство, би бил долгорочно решение и дека би можел да создаде работна атмосфера што би резултирала со атрактивна игра и борба за највисоките места во лигата и во европските куп натпреварувања.
Тие веруваат дека играчите кои моментално играат под очекувањата под водство на шпанскиот тренер би можеле повторно да играат во својата најдобра форма.
Foto/ depositphotos
Спорт
Киву задоволен, Интер повторно лидер во Серија А
Фудбалерите на Интер ја победија Џенова во натпреварот од 15-то коло од Серија А, со што се вратија на врвот на табелата. Интер ги искористи неуспесите на Милан и Наполи, на врвот има бод повеќе од градскиот ривал и два бода повеќе од актуелниот шампион.
Несомнено е дека ќе има жестока борба за титулата во Серија А, во текот на целата сезона.
„Беше тежок натпревар. Џенова игра добро од доаѓањето на Даниеле Де Роси. Освоивме три бода и тоа е најважно“, рече тренерот на Интер, истакнувајќи дека некои италијански фудбалски стручњаци го потцениле неговиот тим.
„Нè потценија и нè отпишаа на почетокот на сезоната, нè ставија на осмото и десеттото место. Сепак, работиме напорно за да ја покажеме нашата вредност“, рече Киву.
На 19 декември, фудбалерите на Интер ќе играат во полуфиналето на Суперкупот на Италија против Болоња во Ријад. Победникот од овој дуел ќе се сретне во финалето на Суперкупот на Италија со подобриот од натпреварот помеѓу Наполи и Милан.
Foto/ depositphotos

