Спорт
Сити обвинет за регрутирање фудбалер – го убедиле да го раскине договорот
Фудбалскиот клуб Ваљадолид, чии сопственик е славниот Бразилец Роналдо, тврди дека луѓе од Манчестер сити го убедиле фудбалерот Абдулаи Јума Бах (18) да го раскине договорот со шпанскиот клуб за да потпише за „граѓаните“ под поповолни услови.
Младиот фудбалер, во вторникот го известил својот клуб дека сака да го раскине договорот, па во тој случај ќе може да се пресели во Сити како слободен играч.
Сити, откако Бах побарал раскин на договорот, преку електронска пошта ја информирале другата страна намерата да отвори преговори со фудбалерот. Ден подоцна, во средата Бах не се појавил на тренингот, а во меѓувреме од Фудбалскиот сојуз на Шпанија потврдиле дека играчот ја платил потребната сума за раскин на договорот.
Луѓето од Ваљадолид ја „прочитаа“ играта на Бах и Сити и во соопштението изјави дека играчот „постапил по диктат на Манчестер сити и неговиот менаџер“, што, како што велат, ги налутило и разочарало.
„Ваљадолид верува дека Манчестер сити стои зад одлуката на играчот да го раскине договорот и јасно е дека тие го советувале играчот на овој начин да го раскине договорот“, стои во клупското соопштение.
Младиот фудбалер играше за Ваљадолид како позајмен од АИК Фритонг од Сиера Леоне. Свесни за неговиот потенцијал, минатиот месец луѓето од Ваљадолид потпишаа перманентен договор со Бах, иако на јуниорско ниво.
Фудбалерот досега одбиваше да потпише сениорски договор, со кој шпанскиот клуб би си обезбедил повеќемилионска отштета. Ваљадолид најави дека ќе поднесе тужба против Манчестер сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓорческа елиминирана во второто коло за АО од Зиданшек
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да го мине второто квалификациско коло на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен.
Ѓорческа, по повеќе од два часа борба, загуби од Тамара Зиданшек со 1:2 (6:4, 2:6, 5:7).
Лина Ѓорческа добро започна, го доби првиот сет, откако направи два брејка, но доживеа пад во играта во вториот сет, кој релитивно лесно го доби Зиданшек.
Почетокот на третиот сет и припадна на Ѓорческа, го отвори со брејк, имаше предност од 3.1, но потота нејзината игра се распадна, Зиданшек се врати во мечот, а во 12-от гем го направи клучниот брејк кога ја искористи втората меч топка.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.

