Спорт
Сити потврдија дека менторот на Пеп, Хуан Лилјо, е негов нов помошник
Англиските шампиони, Манчестер сити, потврдија дека Хуан Мануел Милјо, поранешниот „ментор“ на Пеп Гвардиола, е негов нов помошник на местото на Микел Артета, кој минатата година стана тренер на Арсенал.
54-годишниот Шпанец кој поголемиот дел во кариерата беше тренер во Шпанија, досега беше тренер на кинескиот Кингадо Хуангхаи, кои ги внесе во кинеската Суперлига. Тој му беше тренер на Гвардиола во мексиканскиот Дорадос де Синалоа при крајот на кариерата и голем инспиратор на стилот кој Пеп ќе го направи како тренер (повеќе за него во линкот подолу).
„Пресреќен сум што доаѓам во Сити, бидејќи мојата соработка со Пеп трае повеќе години и сега сум дел од неговиот возбудлив тим. Манчестер сити во последните сезони имаше огромен успех и промовираше прекрасен фудбал кој го очекуваме од таков менаџер каков што е Пеп“, изјави Милјо.
We’re delighted to announce that Juan Manuel Lillo has joined Pep Guardiola’s backroom staff as assistant coach ?
? #ManCity https://t.co/gkmgeuRrSe— Manchester City (@ManCity) June 9, 2020
Гвардиола го избра помошникот – човекот кој го „измисли“ 4-2-3-1 системот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Семењо за минимален триумф на Сити во Лидс
Манчестер Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал, откако го победи Лидс со 1:0 на гостински терен во 28-то коло од Премиер лигата. Сити ја забележа шестата последовна победа во Премиер лигата и шеста последовна во меѓусебните дуели.
Лидс беше поконкретен на почетокот и пропушти две одлични шанси преку Доминик Калверт-Луин и Бренден Аронсон, кој излезе сам пред Донарума но не успеа да го совлада.
Сити, до здив дојде по 30-та минута, а во последните 10 минути од првиот дел, „граѓаните“ извршија силен притисок врз противникот.
Инцијативата м донесе резултат буквално во последните секунди од првото полувреме. Антоан Семењо го искористи центаршутот на Рајан Аит-Нури и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во вториот дел, домаќинот повторно се закани, но реализацијата изостана, додека Сити можеше да го реши натпреварот преку Омар Мармуш и Марк Гуехи, но Карл Дарлоу го спаси својот тим од поубедлив пораз.
Победата го приближи Сити на два бода од Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата, додека Лидс останува шест бода над зоната за испаѓање и бара континуитет за да обезбеди опстанок.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Кимих и Кејн ја срушија Борусија среде Дортмунд
Фудбалерите на Баерн Минхен ја победија Борусија во Дортмунд со 3:2 во „Дер Класикер“, кој се играше во рамките на 24-то коло од Бундеслигата. Баерн на врвот на табелата сега има 11 поени повеќе од „милионерите“.
Натпреварот започна добро за Борусија. Нико Шлотербак донесе водство по одличниот слободен удар на Даниел Свенсон во 26-та минута. Максимилијан Баер и Јан Куто исто така имаа шанси, во првиот дел. Баерн во првото полувреме, речиси да не направи ништо пред голот на Кобел.
Баварците израмнија преку Хари Кејн, кој ладнокрвно ја смести топката во мрежата по додавањето на Гнабри. Дортмунд потоа имаше шанса повторно да поведе, но пенал по фаулот на Шлотербак врз Станишиќ му овозможи на Кејн да го постигне својот 30-ти гол во сезоната и да го сруши својот личен рекорд од минатата сезона.
Домаќините веднаш одговорија со одличен волеј од Свенсон, но Кимих го имаше последниот збор, неговиот прецизен удар со левата нога му донесе победа на Баерн и ја прекина серијата од 16 натпревари без пораз на Дортмунд во Бундеслигата.
Со овој натпревар, продолжи неславната серија на тренерот Нико Ковач. Тој загуби девет и одигра два пати нерешено во пресметките со Баварците.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Јамал постигна три гола, Барселона го победи Виљареал
Ламин Jамал го постигна првиот хет-трик во кариерата. крилниот напаѓач ја предводеше Барселона до убедливата победа над Виљареал (4:1), во 26-то коло.
Младиот ас на Барселона денес влезе во историјата на Барселона, на 18 години, седум месеци и 15 дена постигна хет-трик. Меси со кого го споредуваат Јамал, имаше полни 19 години кога прв пат во кариерата постигна три гола на еден натпревад.
Јамал го отвори резултатот во 28-та минута,а девет минути подцна постигна убав гол со кој го зголеми водството на својот тим.
На стартото на вториот дел, Виљареал преку Пап Геј се врати во мечот, а дека ќе доживее пораз беше јасно кога во 73-та минута Ајосе Перез промаши празен гол. Хет-трикот го комплетираше во 69-та минута.
Во 91-та минута Левандовски го постави конечниот резултат.
Foto/ depositphotos

