Спорт
Сити сака да го направи Халанд играч со најголема плата во европскиот фудбал
Четирикратниот последователен англиски шампион Манчестер Сити се наоѓа на средина на многу турбулентен период. Истовремено се соочува со резултатска криза, но и сериозни обвинувања кои би можеле значително да се одразат на иднината на клубот.
Сепак, клубот од „Етихад“ не сака да биде во дефанзива ги започна преговорите со првата ѕвезда на тимот, Ерлинг Халанд. Тој, исто така, се соочува со 115 барања за прекршување на финансискиот фер-плеј. А тука е и прашањето дали Пеп Гвардиола ќе остане тренер и по оваа сезона.
Норвежанецот постигна дури 105 гола на 114 натпревари за Сити и не е ни чудо што клубот нема да штеди пари за да го задржи. Наводно, извршниот директор Феран Сориано отишол во Норвешка, каде Халанд е на репрезентацијата. Сориано во име на клубот му понудил тригодишен договор вреден 31 милион евра по сезона, со што би станал најплатен европски фудбалер.
Важна ставка е новата откупна клаузула која според новиот договор би изнесувала 200 милиони евра. Актуелниот договор на Ерлинг Холанд истекува во летото 2027 година.
Халанд, а потоа и Родри се приоритет за Манчестер сити. Клубот е насочен на обновивање на нивните договор и покрај тоа што на некои играчи истекуваат на краот од сезоната (Илкај Гундоган и Кевин де Бруине), а Кајл Вокер, Бернардо Силва, Џон Стоунс и двајцата голмани Едерсон и Ортега влегуваат во последната година од договорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

