Спорт
Скалони збесна кон аргентинските новинари: Од каде знаете за повредата на Де Пол?

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони збесна на прес-конференцијата пред утрешниот четвртфинален дуел против Холандија на СП во Катар, откако новинари од аргентинскиот весник „Оле“ открија дека неговиот тим ќе мора да игра без Родриго де Пол. Фудбалерот за врска се пожалил на болка во мускулот и предвреме заминал во соблекувалната, а информацијата веднаш дошла до медиумите.
„Не знам од каде сте дознале за повреда на Де Пол? Трениравме зад затворени, врати. Ако ми кажете кој ви кажал, јас ќе ви одговорам колку е сериозно. Морам да ве прашам, вие сте за Аргентина или за Холандија“, истакна Скалони.
Тој дополни дека очекува победа над Холандија во регуларниот тек од натпреварот и не размислува за изведување пенали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ признава дека „драмата“ со неговиот татко му пречи: Ние сме против војна

На еден меч од 10-та титула на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ по пласманот во финалето во Мелбурн мораше да одговара на прашања кои немаат врска со тенисот, откако неговиот татко Срѓан беше „фатен“ на виде како прославува со руски навивачи. Според Ѓоковиќ, руските фанови ја злоупотребиле добрата волја на неговиот татко да се фотографира и поздрави со нив, и посочи дека неговото семејство секогаш е против војната.
Поради ова, таткото Ѓоковиќ не се појави при 7:5/6:1/6:2 победата над Американецот Томи Пол, а за Ѓоковиќ ова е втора непријатност во Австралија, откако лани беше депортиран поради одбивањето да се вакцинира против КОВИД.
„Секак, не е пријатно за мене да поминувам низ овие работи, посебно по тоа што се случи лани во Австралија. Тоа не го сакам и искрено не ми е потребно. Се надевам дека луѓето ќе се фокусираат на тенисот. Несреќна беше погрешната интерпретација на тоа што се случи и што ескалираше на вакв нив. Имааше многу разгвори со директорот на турнирот, со медиумите и со сите други. Секако, влијае и на мене. Не бев свесен за тоа до вчера вечер. А, потоа не бев задоволен. Мојот татко, моето цело семејство и јас лично, поминавме низ неколку војни в 1990-тите. Како што кажа мојо татко, ние сме против војна, никогаш нема да поддржуваме насилство или војна. Знаеме какв влијание имаше тоа за семејството, за луѓето во мојата земја. Фотографијата беше направена во поминување. Слушнав што вели во видеото: ‘Живели’. Некои медиуми го извртеа тоа. Имаше многу српски знамиња. Мислам дека сметаше дека е со луѓе од Србија“, вели Ѓоковиќ.
Тој додава дека не знае дали неговиот татко ќе присуствува на финалето против Стефанос Циципас.
„Тоа беше заедничка одлука. Ќе видиме како се одвиваат работите и дали ќе биде на трибините на финалето. Се надевам дека луѓето ќе дојдат да гледаат финале и ќе се фокусираат на прекрасниот спорт, тенисот. Грчката и српската заедница се големи во Мелбурн, и нема да има конфликти“, додава Србинот.
Спорт
Кејлор Навас ја прифатил понудата на Нотингем Форест

Голманот Кејлор Навас ја прифатил понудата на Нотингем Форест и би требало да го напушти Пари Сен Жермен до крајот на актуелниот преоден рок. Деталите од договорот не се познати, но се работи за позајмица до крајот на сезоната.
Кејлор Навас е во втор план во ПСЖ каде му е резерва на Џанлуиџи Донарума. Некогашниот незаменлив голман на Реал Мадрид се двоумел околу овој трансфер, но на крајот се согласил да се пресели во Нотингем Форест, иако имаше понуди и од Ал-Наср и од Борнмут.
Навас со „кралскиот клуб“ освои три трофеи во Лигата на шампионите.
Спорт
Арсенал за Каиседо подготви 85 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Арсенал подготвува понуда од 85 милиони евра со цел до крајот на овој месец да го доведе играчот за врска Моисес Каиседо од Брајтон. Претходно англиските медиуми пишуваа дека Арсенал испратил прва понуда која била одбиена, но сега очигледно решиле да се обидат и со нова, зголемена сума.
Брајтон одолева на „нападите“ за Каиседо, со оглед дека за него интерес појавуваат и Челси и Тотенхем, но прашање е дали ќе биде така и со новата понуда на „топчиите“.
Претходно Арсенал успеа да го доведе и Леандро Тросар од редовите на Брајтон.