Спорт
Скандал на Тур д’Франс – Шајки фрлени на патот за време на втората етапа

За време на втората етапа на овогодинешниот Тур д’Франс забележани се голем број проблеми со дупнати гуми, а причината за тоа што на патото биле фрлени шајки, беше откриено по завршувањето на етапата.
Тренерот на Џамбо-Визма, Гриша Нирман, потврди дека шајки имало на патеката од Виторија до Сан Себастијан, особено на искачувањето до Чаискабел на 36 километри до целта.
Бранителот на титулата Јонас Вингегор беше меѓу возачите кои мораа да ги сменат велосипедите, додека Том Пидкок од Инеос заврши четврти со мало оштетување на гумата.
Францускиот велосипедист Лилиан Калмежан објави видео на социјални мрежи на кое се гледаат пет шајки забиени во неговата предна гума.
„Благодарам за ова срање. Мислам дека не сум единствената жртва на ова. Знајте дека можеме да паднеме и тешко да се повредиме, морони“, поеача Калмежан.
Според некои информации 15 возачи имале проблеми со дупнати гуми.
Трката продолжува во понеделник со етапата долга 193,5 километри од Амборие-Ехан до Бајон, на која најголемата трка во светот ќе влезе во Франција по стартот во Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Конте нема да толерира недисциплина

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека нема да дозволи нови изливи на незадоволство од страна на Кевин Де Брујне или некој друг играч.
„Не станува збор за ситуации во кои е вклучен одреден играч. Оние кои ме познаваат добро го познаваат мојот начин на управување, за одредено однесување кое мора да се примени. Затоа, еднаш е дозволено, но не дозволувам истото да се случи двапати“, изјави Конте за италијанските медиуми.
Де Брујне се пресели во Наполи од Манчестер Сити ова лето и беше во центарот на вниманието во неделата откако реагираше луто во моментото кога беше заменет во натпреварот од Серија А против Милан, кој неговиот тим го загуби со 2-1.
Италијанските медиуми објавија дека Конте вчера одржал тимски состанок, но не разговарал директно со Де Брујне, но рекол дека нема повторно да толерира слично однесување од своите играчи.
Конте го предупреди Де Брујне дека го избрал „погрешниот човек“ ако е незадоволен од замената против Милан.
Наполи ќе го пречека Спортинг Лисабон во второто коло од Лигата на шампионите во вечерва во 21:00 часот, а Конте се мачи со својот состав поради проблеми со повредите на неколку дефанзивци, Амир Рахмани, Матијас Оливера и Леонардо Спинакола, додека Џовани Ди Лоренцо е суспендиран.
Спорт
Алкараз го освои турнирот во Токио

Првиот светски рекет, Карлос Алкараз, го победи петтиот играч во светот, Американецот Тејлор Фриц, со 6:4, 6:4 во финалето на АТП 500 турнирот во Токио и со тоа ја освои својата осма титула оваа година, а вкупно 24-та во кариерата. Ова беше нивниот петти дуел и четврта победа за Шпанецот.
За време на паузата помеѓу првиот и вториот сет, Фриц побара помош од физиотерапевт поради болка во бутниот мускул и се чинеше дека ќе претрпи поубедлив пораз кога Алкараз водеше со 5:1. Американецот се закани со пресврт со серија од три гема. Сепак, Алкараз ја искористи втората можност да го заврши мечот на својот почетен удар.
Алкараз е неоспорен лидер на листата на освојувачи на трофеи на АТП турнејата оваа година со осум титули, како и по бројот на индивидуални победи (66:6). Оваа година, 22-годишниот Шпанец загуби само две од десет финалиња, против Холгер Руне во Барселона и Јаник Синер во Вимблдон.
Покрај 500 поени за титулата во Токио, Карлос Алкараз освои и награден фонд од 416.365 американски долари (354 илјади евра). Тејлор Фриц, кој го претрпе својот прв пораз во третото финале годинава, доби 330 поени и награда од 224.035 долари (190.000 евра).
Спорт
ПСЖ без четворица стартери против Барселона

Фудбалерите на Пари Сен Жермен денес пристигнуваат во Каталонија, каде што во среда ќе и гостуваат на Барселона во дербито од второто коло од Лигата на шампионите.
Луис Енрике денес доби лоши вести, бидејќи нема да може да смета на напаѓачката тројка, како и на капитенот Маркињос. Покрај Бразилецот, а во Париз останаа и Усман Дембеле, Дезире Дуе и Хвича Куарачели.
Ова е секако голем удар за Енрике, кој ќе мора да импровизира, особено во нападот, каде што од стандардните е достапен само Бредли Баркола, додека Маркињос ќе биде заменет од новодојдениот Илија Забарни.
Натпреварот Барселона – ПСЖ е закажан за среда во 21:00 часот.
🔴🔵 PSG's squad list to face Barça: Vitinha, Joao Neves and Fabián travel. Marquinhos, Doué, Kvaratskhelia and Dembélé miss out. pic.twitter.com/MAEXQptPvx
— BarçaTimes (@BarcaTimes) September 30, 2025