Спорт
Скариоло доби отказ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/625x375.jpg)
Италијанскиот тренер Серхио Скариоло доби отказ од Виртус Болоња.
Како што пренесува добро информираниот кошаркарски новинар Емилијано Карчија, Скариоло повеќе не е тренер на славниот Виртус.
За оваа можност веќе пишуваа италијанските „Спортандо“ и “Република“, откако Скариоло на прес-конференцијата „удри“ по клупските челници.
„Целите и филозофијата? Тоа е прашање за раководството. Клубот го изгради овој тим и тие ми го дадоа мене. Ростерот го изгради управата на клубот и ние мораме да им оддадеме заслуга што можеа да изградат ваков тим со буџетот што го имаа. Сега на нас е да го направиме најдоброто што можеме“, изјави Скариоло и го налути Масимо Занети.
Уште претходно во медиумите се шпекулираше дека Серхио Скариоло ќе го замени Андреа Тринкиери на клупата, а дали тоа ќе се оствари и дали поранешниот тренер на Партизан ќе се врати во Евролигата ќе видиме.
Инаку, Серхио Скариоло е актуелен селектор на Шпанија. На Светското првенство со Шпанија замина како бранител на трофејот, но во Манила не успеа да дојде ниту до четврт-финалето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Романија ја прегази Ураина – Спектакуларен гол на Станчу
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12305793.jpg)
Романија ја декласира Украина со 3:0 (1:0) во првиот натпревар одигра во Е групата на Европското првенство. Вториот натпревар од оваа група во 18 часот ќе го одиграат Белгија и Словачка.
Украинците подобро влегоа во натпреварот, го држеа поседот, притискаа, но таквата определба не им донесе ништо.
Романците пак играа директен фудбал, откако дбро ги затворија приодите кон својот гол, секоја можност ја користеа брзо да ја пренесат топката пред голот на противникот.
Во 29.минута, грешката на Луин кога лошо исфрли една топка, ја казни Станчу со спектакуларен гол. Капитенот на Романија од 21 метар го погоди спротивниот агол.
Станчу имаше можност и 10 минути подоцна, тогаш се обиде директно од корнер, Луни беше совладан но топката ја погоди гредата.
Украинците целосен дебакл доживеаја на стартото од второто поливреме, кога Ромамците во интервал од четири минути постигнаа два гола.
Во 53.минута Разван Марин одлично се постави на 20 метри од голот, моќен удар. Ништо не можеше да направи Лунин.
Четири минути подоцна, Ман ја измеша одбраната на Украина, нафрли по земја, а Драгуш од пет метри ја смести во голот.
До крајот Романците го чуваа својот гол, Украинците се обидуваа но само еднаш се заканија. Судаков се обиде со удар од 30 метри, но Ница со малку проблеми го скроти неговиот удар.
До карјот на мечот Ромамците два патии може да го совладаат својот голман, а во 90.минута Јаремчук го погоди горниот дел од гредата.
Во второто коло Романија ќе игра против Белгија, а Украина против Словачка.
Спорт
Струга, Шкендија и Тиквеш ги дознаа имињата на потенцијалните ривали во евро-куповите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/436240548_1065974915093100_7254917867778344654_n.jpg)
Македонските клубови Струга ТЛ, Шкендија и Тиквеш ги дознаа имињата потенцијалните пртивници во европскте купови. Струга ќе играа во квалификациите во Лигата на шампионите, а Шкендија и Тиквеш во квалификациите во Конференциската лига.
Струга и Тиквеш нема да бидат носители на ждрепката за разлика од Шкенидја која има повластена улога.
Квалификации за Лигата на шампионите, Група 1:
Носители: Слован Братислава, Линколн Ред Импс, Њу Сеинтс, Балкани, Борац Бања Лука
Неносители: Хамрун Спартанс, Струга, Дечиќ, Егнатиа, Санта Колома
Квалификации за Конференциската лига:
Група 1
Носители: Шкендија, Будуќност, Интер Ескалдес, Тирана, Ла Фиорита
Неносители: Вележ, Торпедо Кутаиси, Малишева, Ноах, Ислоч
Група 2
Носители: Бреидаблик, Ф91 Дуделанж, Тре Пене, Сент Јозеф, Крусеидерс
Неносители: Флориана, Шелбурн, Атлетик Клуб Ескалдес, Тиквеш, Каернарфон Таун
Ждрепката е во вторник, за ЛШ во 14.00, а за Конференциската лига во 16.00 часот.
Спорт
Роналдо донел одлука кога ќе се пензионира
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/cristiano-ronaldo-al-nassr-2023-1692731063-114594.jpg)
Кристијано Роналдо влезе во 40. година од животот, но еден од најдобрите фудбалери на сите времиња се уште не размислува да се пензионира. Тој планира да игра уште неколку години.
„Кристијано Роналдо сака да продолжи да игра на врвно ниво и целта му е да игра на Светското првенство во 2026 година“, открива извор близок до португалската фудбалска легенда за „Релево“.
Значи Роналдо ќе игра уште најмалку две години. За време на Светското првенство во Америка тој ќе има 41 година и вистинското прашање е колку ќе може да понуди на таа возраст.