Спорт
Сколс: Ќе ме наречат бедник, но ова против Аталанта не беше добро
Пол Сколс, легенда на Манчестер јунајтед, го критикува тимот и менаџерот Оле Гунар Солскјер по победата од 3:2 против Аталанта во Лигата на шампионите. Јунајтед со спектакуларен пресврт, во второто полувреме ја победи Аталанта.
„Дали вака може да се игра против посилни екипи? Не. За неутралните гледачи ова беше одличен натпревар, полн со голови и возбудувања. Јас сум реален. Очекувам повеќе од овој тим. Играа против добар тим, кој дојде без петмина фудбалери. Многу ме загрижи првото полувреме. Можеби некој ќе каже дека сум бедник, веројатно навивачите на Јунајтед ќе ми се налутат, но го гледав овој натпревар и размислував за дуелот со Ливерпул в недела. Ако играме вака ќе биде 3:0 или 4:0 и повеќе нема да има враќање. Клуп сигурно се радуваше гледајќи го првото полувреме“, рекол Пол Сколс.
„Солскјер пред натпреварот најави формација 4-2-4 и тоа се случи. Ако играме вака подобри тимови ќе нè уништат. Немавме среден ред. Фред и Мектоминеј не знаеја каде одат и што прават. Ако се случи тоа во дербито, замислите како Де Брујне може да го користи тој простор. Аталанта имаше голем посед, можеше да се случи катастрофа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Душан Влаховиќ доживеал сериозна повреда
Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, го очекува долга пауза поради повредата со која се здоби викендов, против Каљари.
Влаховиќ се повреди пред два дена на натпреварот од 13-то коло од Серија А помеѓу Јувентус и Каљари (2:1), поради што беше заменет во 31-та минута. Клубот со соошштение се огласи во јавноста потврди дека повреда е сериозна, но не прицирира колку ќе отсуствува напаѓачот.
„Газета дело Спорт“, тврди дека повредата е многу сериозна и дека напаѓачот нема да може да тренира или игра најмалку три месеци.
Авторот на текстот проценил дека тоа би значело дека Влаховиќ ќе пропушти вкупно помеѓу 14 и 18 натпревари во сите натпреварувања во кои учествува Јувентус: Серија А, Куп на Италија и Лига на шампиони.
Отсуството на Влаховиќ ќе биде голем удар и за самиот играч и за Јувентус, за кого одигра 17 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и постигна шест гола.
Спорт
(Видео) Дуран во 95-та минута спречи пораз на Фенербахче од Галатасарај
Во азискиот дел на Истанбул се одигра 281-то интерконтинентално дерби. На стадионот „Шукру Сараџоглу“, Фенербахче и Галтасарај одиграа 1:1 (0:1).
Голот за гостите од европскиот дел беше заслуга на Лерој Сане во 27-та минута. Германскиот репрезентативец го совлада Едерсон, поранешен соиграч од Манчестер Сити.
Џокерите од клупата на Џовани Тедеско, Левент Мерјан и Колумбиецот Џон Дуран се заслужни за нерешениот резултат. Во 95-та минута тие креираа акција по која Колумбиецот го постави конечниот резултат.
На табелата по 14 рунди води актуелниот првак Галатасарај со 33 поени, еден повеќе од Фенербахче и два од Трабзон.
Foto/ EPA
Спорт
Лубослав Пенев се бори за живот
Лубослав Љубо Пенев (59) е тешко болен и се бори за живот на онколошка клиника во Германија.
Легендарниот бугарски фудбалер беше хоспитализиран минатата недела, по што беа извршени детални прегледи и резултатите воопшто не се добри. Му беше дијагностициран рак на бубрезите.
Пенев е во животно-загрозувачка состојба. Бугарските медиуми објавуваат дека ослабел, дека неговото тело е многу исцрпено и дека хемотерапијата затоа не е опција. Семејството Пенев апелираше до јавноста за помош:
„Денес, една од најголемите бугарски легенди се бори за живот. Лубослав Пенев ни даде победи, гордост и сила – сега мора да му дадеме надеж. Ве молиме, да застанеме рамо до рамо и да му подадеме рака на човекот кој никогаш не престана да дава за Бугарија“, се наведува во пораката што брзо се прошири низ Бугарија и регионот.
Ова е втор пат Пенев да се бори со подмолната болест. Во пролетта 1994 година, му беше дијагностициран рак на тестисите, поради што го пропушти Светското првенство во САД.
Лубослав Пенев ја започна својата кариера во ЦСКА од Софија, каде што доби статус на клупска легенда. Потоа играше за гиганти како Валенсија и Атлетико Мадрид.
Одигра 62 натпревари за репрезентацијата и постигна 14 гола. По завршувањето на кариерата, остана во фудбалот. Се посвети на тренерската работа и во периодот од 2009 до 2024 година раководеше со голем број бугарски клубови, три години беше селектор на репрезентацијата (2011-14), а кратко работеше и како тренер на „Б“ тимот на Валенсија.
Последниот ангажман му беше со Локомотива од Пловдив минатата година.
Фото/ ЕПА

