Контакт

Спорт

Скопје нема да го види Селтик, Шкендија испадна од квалификациите за ЛШ (Видео)

Објавено пред

Фудбалерите на Шкендија се сопнаа на првата пречка во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Македонските шампиони не успеаја да го минат првакот на Естонија Номе Калју. Вво-мечот заврши со резултат 2:2, а Естонците одат понатаму бидејќи постигнаа повеќе голови на гостински терен.

Шкендија беше голем фаворити во дуелите со Номе Калју, но таа улога не не ја покажаа во двата дуели. Иако првиот меч во Естонија тетовци го добија со 1:0, таа предност не успеаја да ја задржат во реваншот.

Дуелот на арената „Тодор Проески“ започна лошо за Шкендија. Во шестата минута Захов лошо процени една нафрлена топка, не успеа да ја боксува, а Уге со прецизен удар ја смести зад неговиот грб.

 

До крајот на полувремето Шкендија се обидуваше но не успеа да ја пробие тактички добро поставената игра на Естонците.

Во вториот дел Шкендија заигра подобро, Бесарт Ибраими во 50 минута го погоди дирекот од голот на Лундек, кој потоа ги одбрани ударите на Агим Ибраими и Мици. Надеж дека Шкендија ќе се пласира во наредната рунда донесе Агим Ибраими во 62 минута кога реалзираше пенал.

 

Со обидоа тетовци да ја зголемат предноста, а откако не успеаа во своите намери казната ги стигна во 91 минута. Паниката и лошото исфрлање на топката пред голот на Захов ја искористи Лилиу.

 

Номе Калју во наредната рунда речиси сигурно са противник ќе го имаат шкотскиот великан Селтик.

фото/facebook.com/fcshkendija



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Гризман не може да ја земе „седумката“

Објавено пред

Антоан Гризман добил негативен одговор од Ла Лига по барањето да му биде дозволено да ја носи „седумката“ во сезоната која во Шпанија започна викендов.

Гризман кој за 120 милиони евра од Атлетико се пресели во Барселона, во новиот клуб го одбра бројот 17 бидејќи „седумката“ му припаѓаше на Фелипе Кутињо. Откако Бразилецот замина во Баерн, омилениот број на Гризман остана без сопственик, тој побара дозвола од Ла Лига да го смени бројот, но добил негативен одговор.

Според правилото 216 на Ла Лига играчот во текот на целата сезона, на официјалните натпревари мора да го носи истиот број. Пред десет дена, кога Кутињо се уште беше во клубот, Барселона пријави дека Гризман ќе го носи бројот 17.

За да го добие омилениот број, кој го носи низ кариерата, Гризман ќе мора да чека до наредното лето.

Прикажи повеќе...

Спорт

Медведев го освои Синсинати

Објавено пред

Рускиот тенисер Данил Медведев ја освои титулата на 6,05 милиони долари вредниот мастерс турнир во Синсинати.

Тенисерот од Москва во финалето го победи Белгиецот Давид Гофан со 7:6, 6:3. Мечот траеше 98 минути.

Медведев ја освои петтата титула во кариерата, прва од серијата 1.000.

Русиниот од денес ќе го има најдобриот ранкинг во кариерата, од осмото тој се искачи на петтото место.

За победата во Синсинати Медведев беше награден со 1,11 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Магија“ на Жоао Феликс, Атлетико се намачи со Хетафе (видео)

Објавено пред

Атлетико Мадрид успеа со победа да ја стартува новата сезона во Ла лига, иако на „Ванда метрополитано“ се намачи со Хетафе пред да стигне до 1:0 победа.

По спориот старт на мечот, „јорганџиите“ дојдоа до посакуваната предност во 23. минута, откако Киеран Трипиер му направи фантастична асистенција на Алваро Мората, кој ги израдува домашните навивачи.

Хетафе имаше под 40 отсто од поседот на топката, а работите се влошија за гостите откако капитенот Молина доби црвен картон поради опасен старт на глуждот на Томас. Но, Атлетико наместо да ја искористи преднсота на играч повеќе, исто така остана со 10 играчи, откако Ренан Лоди доби два жолти картони во една минута за два бизарни старта само три и пол минути подоцна.

Сепак, „рохибланкос“ имаа шанса да стават точка на натпреварот во 56. минута, кога португалската ѕвезда Жоао Феликс ја помина речиси цела одбрана на Хетафе, за да изнуди пенал за Атле. Но, Алваро Мората од белата точка не беше прецизен, откако неговиот удар во левиот агол беше одбиен од Сорија.

Хетафе пак, можеше да го казни ова во 86. минута од мечот, откако замената Родригез од работ на шестнаесетникот упати опасен удар, кој помина низ рацете на Облак и заврши во пречката.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија19 минути

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“, рече дека не сака да се меша во...

Европа45 минути

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет2 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија13 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет14 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет14 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија15 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет15 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт17 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија21 час

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион21 час

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет23 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет2 дена

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион2 дена

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион2 дена

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Досие