Спорт
Слаб меч за Јокиќ, Стеф Кари ги „наполни“ Нагетси
Кошаркарите на Денвер Нагетс се поразени соноќа од Голден Стејт Вориорс со убедливи +21 – 118-97.
Првата ѕвезда на Нагетси, Никола Јокиќ имаше слаба поентерска вечер, па екипата од Колорадо немаше шанса за подвиг.
Јокиќ го заврши мечот со за него скромни 19 поени, 6 скока и 6 асистенции, а најефикасен во неговиот тим беше Портер со 26 поени.
Кај Вориорси Стеф Кари со 32 поени беше најистакнатиот поединец, а вреди да се спомене играта на Дрејмонд Грин. Освен само двата поени, тој имаше и неверојатни 19 асистенции и 12 скока.
Атланта Хоукс ги совлада Мајами Хит со 118 – 103, а најзаслужен за победата беше српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ.
Тој имаше учинок од 21 поен, 3 скока и 8 асистенции.
Кај Мајами се истакна Кендрик Нан со 21 поен, а Батлер броеше до 19.
Ова се дите ноќешни НБА резултати:
Атланта – Мајами 118-103
Бруклин – Бостон 109-1-4
Шарлот – Кливленд 108-102
Хјустон – ЛА Клиперс 104-109
Оклахома – Вашингтон 109-129
Голден Стејт – Денвер 118-97
Портланд – Мемфис 128-130
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

