Спорт
Слаломот во Шамони му припадна на Ноел
Клеман Ноел победи на трката во слалом која се возеше во Шамони. Ноел на домашен терен ја забележа третата победа оваа сезона, вкупно шеста во кариерата.
Деветтиот слалом оваа сезона во Светскиот куп му припадна на Ноел кој во двете трки забележа вкупно време од 1:41.47 минути. Второто место го освои Тимон Хауган, кој по првата трка се наоѓаше на 11 позиција. Третото место го освои Адријан Пертл.
Фаворитите Даниел Јуле и Алекси Пинтаро не ја завршија втората трка.
На челната позиција во Светскиот куп се наоѓа Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 877 поени, Пинтаро има 822, а Александер Омот Чилде 820 поени.
Кристоферсен води и во поредокот за слалом со 552 поени, два помалку има Ноел, трет е Јуле со 495.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шок во Барселона, Еспањол на колена го фрли Реал
Фудбалерите на Еспањол, приредија вистинско изненадување, го совладаа Реал Мадрид со 1:0 (0:0) во 22. коло на шпанската Ла Лига.
Вечерва ништо не му одеше во корист на „кралскиот клуб“, а според многумина на овој натпревар ја немаа наклоноста на судиите.
Избраниците на Карло Анчелоти двапати ја погодија рамката на голот, Килијан Мбапе во првиот дел и Родриго во вториот дел. Блескаше и голманот на Еспањол со неколку извонредни интервенции.
Во 20.минута беше поништен голот на Винисиус поради прекршокот што гонаправи Мбапе.
Ситуацијата на која замерка имаат навивачите на Реал се случи во 61. минута. Тогаш Карлос Ромеро страртуваше врз Мбапе во обид да прекина контра на Реал. Судијата Руиз покажа жолт картон, а и ВАР собата не се огласи.
Romero received a yellow card for this tackle on Mbappé. pic.twitter.com/qmXZ8nZe3T
— ESPN FC (@ESPNFC) February 1, 2025
Ромеро остана на теренот и потоа го реши натпреварот, во 85. минута.
Фудбалерите на Еспањол изведоа феноменален контранапад, откако се одбранија по корнерот на противникот.
Топката убаво се движеше на крајот Омар Ел Хилали нафрли на далечната статива за за Ромеро, кој со левата нога го совлада Тибо Куртоа и го нокаутира мадридскиот тим.
Спорт
(Видео) Кикс на Астон Вила во Вулверхемптон
Во 24. коло од Премиер лигата, Вулверхемптон на домашен терен ја совлада Астон Вила со 2:0. Вулверхемптон забележа значајна победа во борбата за опстанок, додека Вила дополнително се оддалечи од местата кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите.
Волвс го шокираа фаворитот во 12. минута со голот на Белгардо. Резултатот остана 1:0 до полувремето, но се чини дека Вулверхемптон можеше побрзо да постигне втор гол, отколку Вла да изедначи. Фудбалерите на Астон Вила не упатија дар кон противничкиот гол во првите 45 минути.
Унаи Емери го повлече Оли Воткинс на полувремето и го претстави најновото засилување, Дониел Мален. Холанѓанецот погоди во 55. минута, но голот беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР.
После тоа Вила немаше многу шанси, Вулвс добро се бранеа, а во 97.минута најдобриот играч на „волците“, Матеус Куња стави точка на натпреварот.
Спорт
(Видео) Милинковиќ-Савиќ одбрани пенал, Торино освои бод во Бергамо
Аталанта го губи здивот во трката со Интер и Наполи во Серија А. Ла Деа по неверојатната серија од 12 победи, на последните пет натпревари победи само еднаш, три пати ремизираше и еднаш загуби.
Вечерва во Бергамо, Торино успеа да остане непоразен против Аталанта (1:1). Голманот на Торино и ја украде победата на Ла Деа, во 74.минута му одбрани пенал на првиот стрелец во лигата, Матео Ретеги.
Кончениот резултат беше поставен во првиот дел во интервал од пет минути. Џимшити погоди за предноста на Аталанта во 35.минута, а пет минути подцна изедначи Марипан.