Спорт
Славниот Кајзерслаутерн влегува во стечај!
Четирикратниот германски шампион и поранешен постојан член на Бундеслигата, Кајзерслаутерн ќе поднесе барање за банкрот во локалниот суд, откако кризата со корона кризата само ја влоши и така лошата финансиска состојба на второлигашот.
Според германските медиуми, долгот на популарнте ФЦК е дури 24 милиони евра, и откако пропаднале преговорите за „поштеда“ од банките и кредиторите и отпишување на дел од долгот, а не можат да се најдат нови инвеститори, клубот мора да оди во банкрот. Покрај долгот, друг проблем е недостатокот на приходи на клубот, бидејќи со секоја сезона се оди уште 5 милиони евра во долг.
Нејасно е што ќе се реши со официјалната процедура за банкротирање, но бидејќи прелиминарната процедура за банкрот во Германија трае два-три месеци, можно е да се добие дополнително време „ѓаволите“ да побараат решение.
Како основач на Бундеслигата, Кајзерслаутерн играше во првата лига од 1963 до 1996, освојувајќи четири титули, два ДФБ купа и еден ДФБ суперкуп. Покрај тоа, тие играа полуфинале од Лигата на шампионите во 1999 година и двапати играа во полуфиналето на УЕФА купот. По шест години во втората Бундеслига во 2018 година тие првпат во својата историја испаднаа во третата лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

