Спорт
Славните Севентисиксерси ја напуштаат Филаделфија?!
Американските медиуми јавуваат дека се водат преговори за потенцијална промена на локацијата на една НБА организација. Станува збор за славните Севентисиксерси, поранешни шампиони на најсилната лига во светот, кои моментално настапуваат во „Велс Фарго центарот“ во Филаделфија. Медиумите од сојузната американска држава Њу Џерси наведуваат дека група фнансиери имата серизна намера да ја преселат фрашизата во градот Камден.
Њу Џерси нема тим во НБА од 2012 година, кога Њу Џерси Нетс се пресели во Бруклин.
Како што се очекуваше, ваквите вести предизвикаа ерупција на негативни критики од навивачите на Сиксерс, а евентуалната преселба на франшизата од Филаделфија во Камден би поставил вистински преседан.
Покрај преселбата во далеку помал град и помал пазар, за прв пат во историјата на НБА би можело да се случи успешен тим кој ја менува локацијата.
Слично нешто се случи дури во 1960 година, кога Минеаполис Лејкерс се преселија во Лос Анџелес.
Оваа франшиза е основана во 1946 година под името Сиракјуз Нешналс, а се натпреварува во НБА од 1949 година. Во 1963 година, тимот се пресели од државата Њујорк во Пенсилванија, во градот Филаделфија, и го промени своето име во Филаделфија Севентисиксерс.
Тие се трикратни НБА шампиони (1955, 1967 и 1983 година), за кои во својата богата историја играле кошаркарски великани како Долф Шејс, Хал Грир, Вилт Чембрлен, Џулиус Ирвинг, Мозес Мелоун, Чарлс Баркли, Ален Ајверсон…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драматична трка во нордиска комбинација, победи Офтебро
Победниот во нордиската комбинација (скокови од малата скокалница и 10 км трчање) беше решен во трилер-завршница. На крајот, златото го освои Норвежанецот Јенс Лурас Офтебро.
По скоковите на малата скокалница, Естонецот Кристијан Илвес беше прв. Тој имаше солидна предност пред двата најголеми фаворити, лидерот во генералниот пласман на Светскиот куп Австриецот Јоханес Лампартер (21 секунда) и Норвежанецот Јенс Лурас Офтебре (28 секунди).
Но, уште од самиот почеток на скијањето во крос-кантри на 10 км, беше јасно дека Илвес нема долго да биде во водство. Група од шест натпреварувачи, предводени од Офтебро, го фатија на половина од трката.
Групата од седум натпреварувачи беше компактна до последниот километар. Потоа Офтебро направи потег и се одвои. Но, неговото темпо го следеше лидерот во генералниот пласман на Светскиот куп Јоханес Лампартер и му дишеше во вратот до целта. Во последните 50 метри им се придружи и Финецот Еиро Хирвонен. Сите тројца влегоа на целта со минимално растојание, но на крајот, Офтебро заштеди доволно гориво во резервоарот и на крајот победи со време од 29:59,4.
Лампартер го освои сребрениот медал една секунда зад него, додека бронзата му припадна на Хирвонен, 2,5 секунди зад лидерот.
Foto/ EPA
Спорт
Сноубордер на ЗОИ со две фрактури на вратот итно хоспитализиран
Камерон Болтон (35), сноубордер од Австралија, го скрши вратот кога падна за време на тренингот на Зимските олимписки игри. Веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница во Милано.
Болтон падна за време на тренингот во сноуборд крос во Ливињо. Иако успеал веднаш по падот да ја напушти патеката, следниот ден се разбудил со силна болка во вратот.
Дополнителните тестови покажаа две фрактури, по што итно е префрлен со хеликоптер за понатамошно лекување.
„Кам сакаше неговите сонародници да знаат што се случува и дека е добро и дека за него се грижиме на најдобар можен начин. Тој е свесен колку сериозно пристапуваме кон неговата ситуација и комуникацијата беше одлична. Горда сум на нивото на грижа што ја доби“, рече Алиса Камплин од Австралискиот олимписки комитет.
Болтон освои сребро во мешан тимски сноуборд крос на Светското првенство минатата година со Миа Клифт.
Спорт
Влаховиќ бара 15.000.000 евра само за потпис на договорот
Според информациите од италијанските медиуми, повеќе нема да има преговори меѓу Душан Влаховиќ и челниците на Јувентус, околу нов договор. Сигурно е дека српскиот напаѓач, во јуни како слободен играч ќе го напушти клубот.
Весникот „Коријере дело Спорт“ денес донесе информации, околу финансиските барања на Влаховиќ кога станува збор за следниот договор.
Според нивните информации, српскиот фудбалер бара 10.000.000 евра годишна плата, како и бонус за потпис од 15.000.000 евра.
Дури и сега, со 12.000.000 евра годишна заработка, Влаховиќ е меѓу најплатените фудбалери во Серија А и е убедливо најплатениот во клубот.
Во преговорите околу новиот договор, Јувентус се обиде да ја намали таа сума, но да му понуди договор на Србинот на неколку години, така што намалувањето на платата би било компензирано, но тој ја одби таа понуда.
Како што тврди „Кориере“, Влаховиќ ги претпочита Баерн и Барселона како опции, кои најмногу се споменуваат во последните шест месеци.
Foto/ depositphotos

