Спорт
Следува егзодус од Интер, четворица најавиле заминување

На Интер му претстои егзодус на најдобрите играчи. Ногата ја повлече тренерот Антонио Конте, кој по освоената шампионска титула, го напушти клубот. Интер се наоѓа во тешка финансиска ситуација, планот на газдите е да продадат неколку фудбалери за да ги затворат дупките во буџетот.
Конте го напушти Интер бидејќи клубот нема пари дополнително да се засили за наредната сезона.
Медиумите во Италија пишуваат дека по стапките на тренерот ќе тргнат и Ашраф Хакими, Лаутаро Мартинез, Ромелу Лукаку и Алесандро Бастони. Овие четворица беа меѓу клучните фудбалери на Конте во походот на титулата.
За Хакими интерес покажале од ПСЖ, Бастони е цел на Јувентус и неколку екипи од Англија, за Лаутаро постои интерес во Мадрид, кај Атлетико и Реал, а за Лукаку најголем интерес покажуа неговиот поранешен клуб Челси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Распадори во Атлетико Мадрид

Доскорешниот играч на Наполи, Џакомо Распадори, потпиша петгодишен договор со Атлетико Мадрид, објави клубот од „Метрополитано“ стадионот.
Финансиските детали не беа откриени, но италијанските медиуми објавија дека Атлетико му платил на клубот од Неапол околу 26 милиони евра отштета, вклучувајќи бонуси.
Распадори (25) е член на Наполи од 2022 година, а пред тоа играше за Сасуоло. Тој одигра 109 натпревари за клубот од Неапол, постигнува 18 гола и 10 асистенции, и освои две титули во Серија А со Наполи.
Распадори го освои Европското првенство во 2021 година со италијанската репрезентација, а одигра 40 натпревари за Италија, постигнувајќи девет гола.
foto/ atleticodemadrid.com
Спорт
Иља Забарњи го засили европскиот шампион

Иља Забарњи, до вчера централен дефанзивец на Борнмут, потпиша договор со Пари Сен Жермен, актуелниот победник на Лигата на шампионите.
Украинецот потпиша на пет години, до 2030 година, а вредноста на трансферот е дури 66 милиони фунти.
Забарњи пристигна во Борнмут од Динамо Киев. Тој одигра 78 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. Одигра 48 натпревари за украинската репрезентација со три гола.
Значи, Борнмут ја продаде речиси целата одбрана од минатата сезона и сите завршија во врвни тимови. Голманот Кепа е во Арсенал, Хујсен во Реал Мадрид, Керкез во Ливерпул, а претходно споменатиот Забарњи во Пари Сен Жермен.
Спорт
Петкратниот осовјувач на ЛШ се сели во Еспањол

Лукас Васкез (34) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Васкез како слободен играч ќе потпише договор со клубот чии дрес го носеше во сезоната 2014/2015. Шпанскиот крилен играч остана без договор откако го напушти Реал Мадрид, а неговото враќање во Барселона треба да биде потврдено во наредните денови.
Италијанскиот трансфер инсајдер Николо Скира веќе пишуваше за новиот клуб на Васкез, а приказната ја потврдија и шпанските медиуми.
Васкез на тој начин ќе се приклучи на клубот кој минатата сезона се бореше за опстанок. Еспањол го освои 14-то место, но со само два бода повеќе од Леганес, кој испадна од лигата.
Васкез пристигна во Реал Мадрид во 2007 година како 16-годишник и играше во сите категории на младинската академија, од тимот до 17 години до Кастиља. По една сезона на позајмица во Еспањол, тој го имаше своето деби за првиот тим на Реал Мадрид во септември 2015 година. Оттогаш, тој има 402 настапи за Реал во текот на 10 сезони, еден од најуспешните периоди во историјата на Реал Мадрид.
Тој освои 23 титули со клубот. Освои пет Лиги на шампиони и светски клупски првенства, четири Европски Суперкупа, еден Шпански Суперкуп и една титула во Шпанското првенство, како и еден трофеј во Кралскиот куп.
Foto/ EPA/J.J. Guillen