Спорт
Слот: Не смеам да ви кажам што му реков на судијата

Англиската Премиер лига му забрани на тренерот на актуелниот лидер во лигата Ливерпул, Арне Слот (46) да го води тимот на наредните два натпревари.
Слот, во средата, по завршувањето на натпреварот со Евертон (2:2) доби црвен картон,
поради „агресивен, навредлив и погрден јазик“.
Холанѓанецот ќе ги пропушти натпреварите на ливерпул против Вулверхемптон и Астон Вила. Ова беше второ исклучување за Слот оваа сезона, тој исто така доби црвен картон против Фулам, а потоа беше казнет со казна од еден натпревар да раководи со тимот.
„Бев обземен од емоции. Сега посакувам да направев нешто поинаку. Не можам ни да ви кажам што кажав бидејќи истрагата е во тек. Мислам дека ремито беше праведно, но ние испуштивме два бода во последните моменти”, рече Слот кој не се појави на прес-конференцијата по натпреварот со Евертон.
Холандскиот тренер брилијантно го води Ливерпул оваа сезона. Тие се први во поредокот на англиската Премиер лига, а во Лигата на шампионите директно се пласираа во осминафиналето, исто така од челната позиција по завршувањето на првата фаза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос и Монако го одбранија домашниот пораз

Тешки порази доживеаја шпанските великани Барселона и Реал, во првите четвртфинални натпревари во Евролигата. Монако ја победи Барселона со 97:81, а Олимпијакос со 84:72 славеше против Реал.
Кошаркарите на Монако во третиот период го решија мечот кога се одлепија од противникот на +17 и успеаја да сочуваат голема предност и до крајот да го одбранат домашниот терен.
Монако го предводеа Мајк Џејмс и Даниел Теис со по 22 поени, а одличен беше и Ели Окобо со 19 поени и седум асистенции.
Кај Барселона, Кевин Пантер беше најдобар со 16 поени и два скока, Дарио Бризуела додаде 13, колку што постигна и Фал кои имаше и 14 скокови.
Олимпијакос, за разлика од Монако, во првата четвртина ја најави победата, а практично го реши натпреварот до полувремето кое го доби со 47:29.
Саша Везенков беше најефикасен со 23 поени и седум скока.
Го следеа Еван Фурние со 13 поени и Никола Милутинов со 11 поени и осум скока. Најдобар во тимот на Реал беше Серхио Љуљ со 16 поени, додека двоцифрен беше само уште Марио Хезоња со 13 поени.
Спорт
(Видео) Јувентус падна во Парма

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А.
До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино.
Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма.
Во 91. минута Консеисао шутираше од работ на шеснаесетникот, но ударот заврши крај стативата и тоа е можеби најдобрата шанса за Јувентус.
Во продолжение Парма одолеа на сите обиди, одлично се бранеше и на крајот триумфално го заврши натпреварот.
Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.