Спорт
Со разголени фотографии ги покрива трошоците за тренинзи

Поранешната УФЦ-шампионка, Џесика Андраде, вели дека донела одлука да отвори сметка на „Онлифанс“ откога се појавиле нејзини разголени фотографии онлајн и дека со помош на оваа интернет-страница, кој често се користи за порнографија, ги покрила своите трошоци за тренинзи и тоа ѝ дозволило да се пресели во Лас Вегас.
Бразилката, која е поранешна шампионка во сламка-категорија, која загуби од Валентино Шевченко во последниот меч во април, вели дека наместо да се срами од фотографиите, решила да се мотивира.
„Ги исплатив ратите за мојот автомобил и платив кирија за шест-седум месеци однапред во Лас Вегас. Не сум потрошила ништо од парите што ги заработив за последниот меч. Ги платив сметките во Бразил, им помогнав на моето семејство и на мојата сопруга Фернанда со тие пари. Луѓето мислат дека ‘Онлифанс’ е само порнографија, но не е само тоа. Тоа е платформа да си го покажеш секојдневието и јас сум многу задоволна“, вели Андраде.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Петмина побарале да го напуштат Јунајтед, клубот веќе му го одзеде број на Рашфорд

Петмина фудбалери побарале да го напуштат Манчестер јунајтед. Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Тајлер Маласија и Џејдон Санчо нема да се појавата на првиот собир во пресрет на новата сезона.
Клубот верува дека ова е најдоброто решение додека сите споменати играчи ги истражуваат опциите за трансфер ова лето.
Сепак, вратите на тренинг центарот остануваат отворени за нив – тие ќе можат да користат медицински и рехабилитациски услуги.
Во меѓувреме, потврдено е дека Рашфпрд веќе остана без „десетката“. Бројот 10 на грбот ќе го носи новото засилување, Матеус Куња, за кого беа платени околу 70 милиони евра.
Што се однесува до Гарначо, менаџерот Рубен Аморим му порача да „се моли на Бога“ да најде нов клуб ова лето, откако го налути тренерот со своето однесување во текот на финалето на Лига Европа против Тотенхем.
Наполи ја следи ситуацијата околу аргентинскиот крилен напаѓач, а Челзи и Тотенхем се заинтересирани за него, заедно со уште еден клуб од Премиер лигата.
Санчо требаше да се врати на тренинзите откако Челзи плати околу пет милиони евра за да не мора да го откупи неговиот договор, вреден околу 25 милиони евра. Јувентус е заинтересиран за позајмица, но италијанскиот клуб не може да покрие ниту половина од неговите неделни приходи од 275.000 евра.
Антони успешно ја заврши минатата сезона на позајмица во Реал Бетис, кој сака да го задржи. Но, Бетис ќе мора да преговара за нов договор со Јунајтед, според кој бразилскиот крилен напаѓач би можел повторно да оди на позајмица со обврска да го откупи договорот за околу 35 милиони евра.
Тајлер Маласија исто така требаше да се врати во Манчестер откако ПСВ одлучи да не го откупи неговиот договор за осум милиони евра. Холанѓанецот е свесен дека не е во плановите на менаџерот Аморим.
Foto/ EPA-EFE/DAVID CLIFF
Спорт
УЕФА дели казни, од Сплит до Барселона

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) казни неколку клубови поради непочитување на прописите поврзани со финансискиот фер-плеј.
Барселона, Челзи, Астон Вила, Рома, Лион и Хајдук Сплит не ја избегнаа казната од УЕФА за нерегуларности во работењето.
На хартија, најлошо мина Челзи, кој ќе мора да плати 20 или 31 милион (во овој момент не е познато која од тие две суми), како и уште 60 милиони условно.
Нивниот ривал од Премиер лигата, Астон Вила, како и „сините“, ја избегна казната од домашното првенство, но не и УЕФА, која им наложи да платат 11 милиони евра како казна, а 15 милиони се условни.
Финансиските проблеми на Барселона исто така продолжуваат. Каталонците ќе мора да платат 15 милиони евра.
Нема крај на проблемите за Лион, кој беше казнет со 12,5 милиони поради извесното исклучување од Лига 1.
Рома беше казнета со 3 милиони, а Хајдук Сплит со 1,2 и тригодишна условна казна.
Спорт
Скандал во Премиер лигата – Томас Парти обвинет за пет случаи на силување

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, официјално е обвинет за пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад врз три различни жени.
Обвиненијата се однесуваат на настани што се случиле помеѓу 2021 и 2022 година, пишува „Дејли меил“.
Репрезентативецот на Гана, чиј договор со Арсенал истече на 1 јули 2025 година, официјално ќе се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер на 5 август.
Ова сигурно ќе му го отежни наоѓањето нов клуб, ако воопшто продолжи да игра фудбал, по силните обвинувања што се упатуваат против него.
Истрагата започна во февруари 2022 година, кога една од жртвите ја започна „лавината“.
Подоцна ѝ се придружија уште две жени, кои презентираа докази врз основа на кои Обвинителството официјално покрена обвинение против Парти.
„Разбираме дека оваа вест ќе предизвика силни реакции. Наш приоритет останува да ги поддржиме жените кои имаа храброст да се јават“, рече инспекторот Енди Ферфи.
Парти играше за Арсенал во последните четири години, имајќи 130 настапи и постигнувајќи девет гола. Претходно поголемиот дел од својата кариера го помина во Атлетико Мадрид.
Фото/EPA-EFE/VINCE MIGNOTT