Спорт
Со злато веслачите на Горица Ремо ја завршија овогодинешната сезона

Викендов во Палиќ, Република Србија се одржа ROWLE ERGO штафета 2024 во склоп на проектот ROWLE како дел од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија.
Ова забавно и возбудливо натпреварување Rowle Ergo Relay се одржа во салата на училиштето „Шандор Петефи“ во Бачки Виноград, каде што учество зедоја преку 250 учесници од Србија, Унгарија и Македонија.
Штафетниот формат подразбира секоја екипа да биде составена од четири членови, кои што заедно треба да извеслаат 2000 метри, така што секој член на екиптата треба да извесла 500 метри. Овој концепт не само што е забавен, поради брзата замена на ергометрите, туку и поттикнува и меѓусебна поддршка и мотивација.
На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, охридските веслачи учествуваа на овој штафетен натпревар во кадетска и сениорска конкуренција. Кадетот Андреј Крстески во штафета со веслачи од В.К Палиќ го освои 13 место, додека Исабела Димоска и Александра Маленкоска заедно во штафета со веслачки од ВК Бегеј и ВК Палиќ извеслаа до златиот медал.
Целта на овој проект е промоција на веслањето, здравиот начин на живот како и јакнењето на прекуграничните професионални и пријателски односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.