Спорт
Содерлинг отворено за менталните проблеми кои му ја прекратија кариерата
Поранешниот шведски тенисер, Робин Содерлинг открива дека страдал од напади на паника кои предизвикале предвремена пензија и објаснува дека дури размислувал за самоубиство.
35-годишниот Содерлинг стигна до четвртото место на АТП листата во својата кариера и останува познат како првиот тенисер кој го победил Рафаел Надал на Ролан Гарос во полуфиналето во 2009 година. Тој официјално се повлече на 31 година поради мононуклеозата, но сега открива дека имал и ментални проблеми.
„Имав постојана анксиозност, нешто ме јадеше одвнатре. Седев во мојот стан и гледав во ѕид и најмалата бучава ми предизвикуваше паника. Кога ќе заѕвонеше телефонот бев надвор од умот. Тенисот не помогна, посебно по големите очекувања. Имаше само тројца тенисери од кои ми беше дозволено да загубам, другите морав да ги победам за да не се чувствувам како лузер“, вели Содерлинг.
Последниот меч на Содерлинг во кариерата беше на домашниот Шведски опен во 2011, кога во финалето го победи Давид Ферер со 6:2/6:2. Кратко по победата, тој се вратил во домот во Монте Карло, каде што ситуацијата му се влошила.
„Бев во паника, само плачев. Првпат почнав да размислувам за самоубиство. Мислев дека сè е подобро од овој живот во пеколот. Спортистите ретко зборуваат за психичките проблеми кои ги имаат и затоа сакам да зборувам. Сакам луѓето да спортуваат поради тоа што го сакаат, а не поради тоа што чувствуваат притисок“, вели Содерлинг, кој во моментов е капитен на шведскиот Дејвис куп тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Два натпревари суспензија и парична казна за Конте

Серија А ја објави казната која му е изречена на Антонио Конте. Тренерот на Интер доби црвен картон на натпреварот со Удинезе.
Темпераментниот Конте, беше исклучен во финишот на натпреварот. Незадоволен од додаденото време од четири минути, тој влезе во вербална расправија со судијата Фабио Мареска.
Расправата е судијата Конте ја продолжил и по завршувањето на натпреварот.
Конте ќе плати казна од 20.000 евра и нема да може да го предводи својот тим на натпреварите со Беневенто и Фиорентина.
Спорт
Ворли победи во Кронплац

Теса Ворли од Франција, победи на трката во велеслалом, која се возеше во Кронплац, Италија. Ворли по двете трки имаше време 2:11.38 минути и ја забележа првата победа во Светскиот куп по пауза од две години. Таа победи пред Лара Гут-Бехрами од Швацарија (2:11.65) и Марта Басино од Италија (2:12.11).
Трагичарка на денот е Мишел Гисин од Швацарија. Таа беше најдобра по првата трка, водеше и во втората, но направи грешка во самиот финиш и на крајот го освои шестото место.
На четвртото место трката ја заврши Американката Михалеа Шифрин, која првата трка ја заврши на второто место.
Басино и по денешната трка остана на челната позиција во поредокот, во велеслалом. Италијанската има 460 поени, Ворли со 336 се проби на второто место, а Гисин е трета со 312.
До крајот на сезоната останаа уште две трки во велелслалом.
Неизвесно до крајот на сезоната ќе биде и во борбата за Големиот кристален глобус. Петра Влхова води во вкупниот пласман со 883 поени, 10о повеќе од Гисин, Гут-Бехрами и Басино.
Спорт
Марко: Ферари најдоа нови 50 коњски сили

Ферари оваа сезона ќе се борат за највисок пласман во Формула 1, тврди советникот во Ред Бул, д-р Хелмут Марко. Марко, повикувајќи се на свои извори, открил дека инженерите на Ферари, успеале да ги пронајдат „загубените“ 50 коњски сили од минатата сезона.
Минатата сезона во Формула 1, која заврши со титули за Луис Хамилтон и Мерцедес, беше една од налошите во долгата историја на славниот италијански тим.
„Ќе ви откријам дека имам информации за Ферари. Значително ја зголемиле силата на нивните мотори. Минатата сезона беа далеку зад сите, на патеката беше јасно дека немаат шанси со другите“, рекол Марко и дополнил.
„За претстојното првенство со наоѓањето на тие 50 коњски сили, очекувам дека ќе се вратат во борбата за победите. Подготвени сме да се бориме, како и секогаш, со нив и Мерцедес“, заклучил Австриецот кој е важна алка во системот на Ред Бул.
За Ферари, во 2021 година ќе возат Шарл Леклер и Карлос Саинц јуниор.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот