Спорт
Солдадо се врати во Ла Лига
Гранада по три години се врати во најсилната конкуренција на шпанскиот фудбал, а вечерва го потврдија и првото големо засилување за новата сезона. Ветаренот Роберто Солдадо договорил едно годишна соработка со можност соработката да биде продолжена за уште една година.
Поранешниот репрезентативец на Шпанија во Гранада доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Фенербахче каде ги мина претходните две сезони.
Покрај за Фенербахче, Солдадо, во кариерата бил играч на Виљареал, Валенсија, Реал Мадрид и Тотенхем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милевски: Данска е извонредно квалитетна репрезентација
Репрезентацијата на Македонија на денешната ждрепка во Цирих го дозна противникот во полуфиналето во мундијалскиот бараж, На 26 март, Македонија е гостува во Копенхаген кај Данска. Ако Македонија ја елиминира Данска, на 31 март во плејоф финалето ќе игра во Прага или Даблин, против Чешка или Република Ирска.
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, кој го следеше извлекувањето во Цирих, вели дека во оваа фаза нема лесни противници.
„За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“.
Извор/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
Билд: Адејеми поради Кавгите со Ковач го напушта Дортмунд
Карим Адејеми (23), крилен играч на Борусија Дортмунд и германската репрезентација, ќе го напушта клубот со кој има договор до летото 2027 година. „Билд“, тврди дека со менаџерот на фудбалерот преговори водат Интер и Манчестер Јунајтед.
„Билд“, во објавата на оваа информација напиша дека: „Емоционалните испади и конфликтите на Адејеми со тренерот Нико Ковач придонесоа тој порано да го заврши престојот во Дортмунд“.
Проблемите на младиот напаѓач се натрупуваат и на теренот и надвор од него. Адејеми не постигнал гол, ниту асистенција од крајот на септември, а тензиите со хрватскиот тренер кулминираа во јавен конфликт.
Инцидентот се случи на 25 октомври за време на победата од 1:0 против Келн, кога Адејеми фрли шише со вода кон клупата додека го напушташе теренот. Ковач јавно го осуди таквото однесување.
Фрустрациите продолжија и за време на последниот првенствен натпревар, ремито со Хамбург (1:1), кога Ковач беше видливо незадоволен од одлуките на Адејеми на теренот, поради што го замени во 66-та минута.
„Билд“ пред две недели напиша дека менаџерот на Адејеми инсистира на долгорочно продолжување на договорот, кое би вклучувало откупна клаузула од околу 80 милиони евра. Сега, сепак, се случи пресврт. Клучна улога во евентуален трансфер би можел да игра супер агентот Жорже Мендеш, кого Адејеми неодамна го ангажираше.
Мендеш има одлични односи со раководството на „Олд Трафорд“, каде што веќе посредуваше за доаѓањето на Лени Јоро и Мануел Угарте.
Адејеми дојде во Дортмунд пред три години од Салцбург со обештетување од 30 милиони евра. Оттогаш, на 121 настап за Борусија, постигна 29 гола и забележа 22 асистенции.
Спорт
Македонија против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на СП
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Доколку Македонија успее да го мине полуфиналето на 26 март, во финалето на 31 март, повотено ќе гостува кај победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска.
Европски плејоф, полуфинале:
Патека А: 1. Италија-Северна Ирска , 2. Велс- Босна и Херцеговина (домаќин во финалето)
Патека Б: Украина-Шведска (домаќин во финалето), Полска-Албанија
Патека Ц: Турција-Романија, 2. Словачка-Косово (домаќин во финалето)
Патека Д: Данска-Македонија, 2. Чешка-Република Ирска

Интерконтиненталниот бараж ќе се игра во Мексико, на стадионите во Гвадалахара и Монтереј. Учествуваат шест репрезентации, во финалето ќе ги чекаат ДР Конго и Ирак.
ДР Конго ќе игра со победникот од натпреварот Нова Каледонија-Јамајка, а Иран ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Боливија и Суринам.
Досега пласман на СП изборија 42 репрезентации.
Од Европа, Англија, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка, Германија, Холандија, Белгија, Шпанија, Шкотска, Австрија и Швајцарија ќе играат на Светското првенство следното лето.
Бранителот на титулата Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај и Уругвај се квалификуваа од Јужна Америка.
Австралија, Јужна Кореја, Иран, Јапонија, Јордан, Узбекистан, Катар и Саудиска Арабија се квалификуваа од Азиската зона.
Претставник на Океанија е Нов Зеланд, а од Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) се квалификуваа Панама, Курасао и Хаити, како и домаќините САД, Канада и Мексико.
Од Африка пласман на Мундијалот обезбедија Мароко, Тунис, Алжир, Египет, Гана, Зелено’ртски Острови, Јужна Африка, Сенегал и Брегот на Слоновата Коска.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија

