Спорт
Солскјер: Враќањето на Роналдо беше погрешен потег
Оле Гунар Солскјер, поранешниот играч и менаџер на Манчестер јунајтед, смета дека направил грешка кога го вратил на Олд Трафорд, Кристијано Роналдо.
Норвежанецот, кој на клупата на Јунајтед беше до ноември 2021 година, само два месеци по пристигнувањето во клубот реши да го врати тогаш 35-годишниот Португалец од Јувентус.
Солскјер и Роналдо претходно беа заедно во клубот кога Роналдо за прв пат играше за Манчестер јунајтед.
Меѓутоа, во разговор за „НРК“, Солекјер изјави дека еден член од стручниот тим не била за враќањето на Роналдо.
Во прашање е актуелниот менаџер на Ипсвич, Киран Мекена. Според Солскјер, ирскиот стручњак ги анализирал последните шест натпревари на Португалецот и истакнал дека со неговото враќање проблемот ќе биде во друг дел од теренот. Тоа се покажа како точно.
„Како ќе се браниме? Тоа беше првото нешто што ми го кажа Мекена по таа анализа. Тоа веројатно беше наш погрешен избор. Сепак, во тоа време сметавме дека тоа е вистинскиот потег”, рече Солскјер.
Познато е дека вториот престој на Роналдо во Манчестер заврши неславно кога Ерик тен Хаг го продаде. Кристијано сега игра за Ал Наср во Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џими Батлер ќе го напушти Мајами
Американскиот кошаркар Џими Батлер наскоро би можел да ги напушти редовите на Мајами Хит.
Џими Батлер пропушти голем број натпревари поради проблеми со повреди и оваа сезона за Мајами одигра само 17 натпревари, со просек од 19 поени и 5,4 скока и 4,8 асистенции.
Батлер има 35 години и сезонава заработува 48,8 милиони долари, а самиот треба да одлучи дали да го продолжи договорот на уште една година, во која би заработил 54,4 милиони долари.
Според добро информираниот Шемс Чаранија, Мајами Хит се подготвени да го трејдуваат Џими Батлер.
Еден од тимовите што во моментов се споменува е Далас Маверикс, а се верува дека Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ би добиле тимски колега што им недостасува во трката за шампионската титула.
Батлер е од Хјустон, па би бил блиску до родниот град, но… И Хјустон Рокетс го сакаат Џими Батлер и би сакале да се договорат со Мајами, додека својата шанса ја чекаат и Голден стејт Вориорс.
Спорт
„Милионерите“ неколку месеци ќе бидат без Суле
Борусија Дортмунд неколку месеци ќе биде без дефанзивецот Никлас Суле (29), откако во саботата го повреди скочниот зглоб на мечот со Борусија Менхенгладбах (1:1), откри тренерот Нури Сахин во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона.
„На 30 ноември, Суле се врати од својата прва повреда на зглобот на натпреварот против Баерн Минхен. Сега ја обнови повредата. Вестите не се добри, за жал“, рече Сахин на прес-конференцијата пред дуелот со Барселона во среда.
„Тој ќе биде надвор од терените неколку месеци. Има сериозна повреда. Тоа е истата повреда”, рече Сахин, а потоа додаде: “Не е добро кога ќе се обнови стара повреда. Не сме среќни, бидејќи ни требаше”, дополни Сахин.
Дортмунд кој се наоѓа на шестото место во Бундес лигата од почетокот на сезоната има проблеми со повредени играчи. Во еден момент Сахин не можеше да смета на 10 фудбалери.
Спорт
„Ас:“ Дани Олмо е во опасност
Дани Олмо и Пау Виктор се во неволја пред вториот дел од сезоната, бидејќи на Барселона и истекува времето за нивна регистрација.
Барселона има уште три недели да ги најде парите што и се потребни за да ги регистрира двајцата фудбалери. За сега клубот не успеа да реализира ниту една од идеите.
Поранешниот играч на Динамо беше пријавен само за воведниот дел од сезоната, откако Барселона го искористи правилото според кое и беше дозволено да воведе нови играчи во протоколот, поради повредите на Роналд Араухо и Андреас Кристенсен
Истовремено, клубот доби дозвола да искористи 80 отсто од сумата одредена за платите на повредените Араухо и Кристенсен.
Бидејќи ист играч не може двапати во една сезона да биде пријавен во ист клуб, на Олмо и Виктор им се заканува неиграње во вториот дел од сезоната.
Олмо пристигна во Барселона во летниот преоден рок на Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, кој со бонусите ќе ја пробие границата од 60 милиони.
Шпанските медиуми пишуваа дека на Барселона и се потребни 50 милиони евра за продолжување на регистрацијата до 31. декември.
Неодамна каталонски „Спорт“, тврдеше дека клубот е во преговори за „продажба на ВИП места на стадионот во следните 20 години, што веднаш треба да им донесе 200 милиони евра“.
„АС“, во текстот со наслов „Дани Олмо е во опасност“ пишува дека клубот почнува да се грижи за моменталната ситуација, но и додава дека постои одреден степен на доверба дека претседателот Џоан Лапорта ќе успее да го реши проблемот.
Олмо досега за Барселона одигра 12 натпревари, од кои повеќето на позицијата офанзивен играч за врска. Тој постигна шест гола, од кои еден на три натпревари во Лигата на шампионите и пет во девет натпревари во Ла Лига.