Спорт
Солун гори! ПАОК, по 34 години, стана грчки шампион (видео)
ПАОК од Солун, по 34 години, стана грчки шампион кога со 5:0 го совлада Левадијакос за да ја запечати третата титула во историјата на клубот – ПАОК сега има 5 поени предност пред Олимпијакос.
Јевхен Шахв постигна два гола за домаќините, а по еден дадоа Диего Бисесвар, Фернандо Варела и Карол Свидерски. Ова е само трет трофеј во историјата на ПАОК по трофеите во 1976 и 1985 година. ПАОК е првиот клуб надвор од Атина кој ја освоил грчката титула по Лариса во 1988 година.
На „Тумба“ во Солун имаше пеколна атмосфера кога навивачите уште во саботата направија фантастична атмосфера во градот. Триумфот е посебно сладок за ПАОК бидејќи лани ја загуби титулата поради скандалозното однесување на своите навивачии на последните мечеви од сезоната.
Покрај тоа што загуби поени, сопственикот на тимот, Иван Савидис, доби суспензија од три години бидејќи излезе на теренот со пиштол. Во неделата тој ги пречека фудбалерите пред стадионот и остана во близина гледајќи го мечот на ТВ.
Let’s get the party start! #GreekChampions #TheFutureIsHere pic.twitter.com/7uXxOa4VR8
— PAOK FC / ΠAOK (@PAOK_FC) April 21, 2019
Wow! Paok fans literally enlightening whole Thessaloniki to celebrate first Greek title after 33 years, and the third overall pic.twitter.com/IWDHvZVWCW
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) April 21, 2019
Epic scenes in Salonic after PAOK is crowned champion for the 1st time in 34 years. Unbeaten in Greece for an entire season. Video via Vlassis Kambanis! pic.twitter.com/ggpiMzGiVX
— Emanuel Roşu (@Emishor) April 21, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

