Спорт
Солзи за крај, Касемиро се збогуваше со Реал
Бразилскиот репрезентативец Касемиро (30) по девет години го напушти Реал и потпиша договор со Манчестер јунајтед. Така се распадна легендарното трио играчи од средниот ред на Реал, Модриќ – Крос – Касемиро, кои освоија дури пет ЛШ и три шампионати на Шпанија.
Бразилецот во новиот клуб ќе има бруто-плата од 18,2 милиони фунти (околу 21,4 милиони евра, 1 фунта = 1,18 евра) и со тоа ќе стане третиот најплатен играч на Манчестер јунајтед.
Манчестер јунајтед му понуди дупло поголема плата за да го доведе, пишува „Сан“, објавувајќи список со плати за целиот тим. Пред Касемиро по приходи остануваат само Кристијано Роналдо и Давид де Хеа.
За време на неговиот проштален говор на „Сантијаго Бернабеу“, Касемиро во еден момент ги спомна Модриќ и Крос, се расплака и низ солзи рече:
„Лука Модриќ и Тони Крос. Никогаш нема да ги заборавам. Освоивме многу трофеи заедно“.
Касемиро вечерва ќе биде претставен во новиот клуб. Јунајтед промоцијата ја закажаа пред дуелот со Ливерпул во Премиер лигата.
Casemiro and his farewell to Real Madrid. ???????????? #RealMadrid@marca ????⤵️pic.twitter.com/GNis6jzFii
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 22, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

