Спорт
Сопругата на Ди Марија за Манчестер: Храната е одвратна, жените се како порцелан, темница е во 2 часот
Хорхелина Кардосо, сопругата на фудбалерот на Јувентус, Анхел ди Марија повторно проговоре за „кошмарот“ кога нејзиниот сопруг беше фудбалер на Манчестер јунајтед, откривајќи дека се работело само за пари, и дека едвај чекала да „избега“ од Англија.
Аргентинецот пристигна на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид во август 2014 за 59.7 милиони фунти, еден од најскапите трансфери во таа ера, но по само 11 месеци беше продаден на ПСЖ за 15 милиони фунти помалку. Во интервју за аргентинскиот ТВ канал „ЛАМ“, Кардосо имаше брутално интервју.
„Анхел дојде кај мене еден ден и ми кажа: ‘Види ја понудава од Манчестер јунајтед’. Не сакав да одам, му кажав да оди сам. Но, се работеше за многу пари, многу повеќе од тие кои ги даваа Шпанците и затоа отидовме. Кога работиш во фирма, и некој ти понуди двојна плаата, секако дека ќе одиш. Бевме пријатели со Џанина Марадона, поранешната сопруга на Серхио Агуеро, и бевме во Манчестер на одмор. Беше ужасно. Луѓето таму се чудни. Одиш по улица и не знаеш дали некој ќе те убие. Храната е одвратна. А, жените изгледаат како да се направени од порцелан. Анхел и јас бевме во Мадрид, во најдобриот клуб на светот, совршена храна, совршено време, сите работи беа совршени. И тогаш дојдоа Јунајтед. Се каравме често, но не го обвинувам што тодие таму. Му кажав: ‘Драги ќе се убијам, тука е ноќ во 2 часот’“, вели Кардосо.
Ова не е првпат Кардосо, но и самиот Ди Марија да зборуваат за ужасното искуство во Манчестер.
"I just told him 'darling, I want to kill myself, it's nighttime at 2pm''
Angel Di Maria's wife opens up on their Manchester nightmare – and admits he only joined United for the money https://t.co/KrmPh2FOFS
— MailOnline Sport (@MailSport) August 23, 2022
Ди Марија: Ме заболе за „седумката“ на Јунајтед, не постои полош тренер од Ван Гал
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Скимо“ дебитираше на ЗОИ
За прв пат во историјата, на Зимските олимписки игри се доделуваа медали во скијашко планинарење, сè попознато по кратенката „скимо“.
Први во новата дисциплина настапија жените, а златото го освои Швајцарката Маријан Фатон. Актуелната светска шампионка патеката ја мина за 2:59.77.
Среброто и припадна на Франција благодарение на Емили Хароп, вицешампионката на светот (+2,38 секунди заостанување), а бронзата ја освои Шпанката Ана Алонсо Родригез, која е актуелна европска шампионка (+10,45 секунди заостанување).
Во машка конкуренција светскиот шампион освои злато. Тоа е Шпанецот Ориол Кардона Кољ. Тој патеката ја мина за 2:34.03.
Русинот Никита Филипов беше одличен во вториот дел од патеката, по скалите. Момчето од Камчатка на тој начин го освои сребрениот медал (+1,52 секунди заостанување).
Иако во поголемиот дел од трката водеа Швајцарците Арно Леита и Џон Кислер, тие не освоија медал. Бронзата ја освои Тибо Анселме, Французинот кој лани беше сребрен на Светското првенство (+2,31 секунди заостанување).
Foto/ EPA
Спорт
И Куртоа му се придружи на Ѓоковиќ во проектот Ле Ман
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа стана малцински сопственик на француски Ле Ман.
Како што беше најавено, Куртоа стана еден од акционерите на францускиот тим, откако минатата година Новак Ѓоковиќ им се приклучи на поранешните Ф1 возачи, Фелипе Маса и Кевин Магнусен како нов малцински сопственик на овој француски тим.
Куртоа ѝ се обрати на јавноста во четвртокот и откри дека им се придружил на други познати личности како дел од инвестициската група „NXTPLAY“, која е фокусирана на развој и раст како дел од проекти за втор мандат.
Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил го сподели и искуството од приклучувањето на голманот во францускиот тим.
Foto/ depositphotos
Спорт
Прв спискот на Берокал како селектор на Македонија
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европоското првенство во 2029.
За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје на 27 февруари) и Азербејџан (во Баку на 2 март), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16 кошаркари.
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23 февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).
На списокот ги нема играчите од Евролигата, Ненад Димитирјевиќ и Ти Џеј Шортс.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ 2026
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија
Извор и Фото/ mkd.basketball

