Спорт
Совршен меч на Дурент, историја за Конли, луда серија на Оклахома (видео)
Изминатата ноќ во НБА-лигата победи забележаа екипите на Голден стејт Вориорс, Оклахома Тандер и Портланд Трејлблејзерс.
Актуелните шампиони против Мемфис Гризлис мечот го решија во последните девет минути кога со серија 27:11 стигнаа до конечните 118:103.
Кевин Дурент одигра речиси совршен меч, тој промаши само еден одби од поел (12/13), а мечот го заврши со 28 поени, 9 скока и 5 асистенции. Ист број поени со 10 скока и 7 асистенции реализира Стеф Кари, а Демаркус Казинс имаше 16 поени, 9 скока и 6 асистенции.
Кај Мемфис се истакнаа Јонас Валанчунас со 27 поени и 13 скока, односно Мајк Конли со 22 поена.
Конли вечно ќе го памети овој натпревар бидејќи стана најдобриот стрелец во историјата на франшизата. Бекот на Гризлис стигна до бројката од 11.687 поени во кариерата.
? Legendary Moment in Grizzlies History, presented by @budweiserusa ?
Mike Conley has passed Marc Gasol to move into 1st as the all-time franchise leader in points with 11,687! pic.twitter.com/404EwEryHV
— Memphis Grizzlies (@memgrizz) March 28, 2019
Оклахома Тандер имаше неверојатен период во третата четвртина кога со серија 24:0, негативата 48:58, ја претворија во водство 72:58 против Индијана Пејсерс. На крајот Тандер славеше 107:99.
Пол Џорџ беше најефикасен со 31 поен, Стивен Адамс забележа 25 поени и 12 скока, а Расел Вестбрук го забележа 29 трипл-дабл во сезоната (17 поени, 11 скока, 12 асистенции).
Пејсерс ги предводеше Бојан Богдановиќ со 28 поени, односно Домантас Сабонис со 18 поени и 10 скока.
Во Портланд во првиот меч беше Јусуф Нуркиќ, во Чикаго го декласираа Булс 118:98. Резервите го предводеа Портланд, Сет Кари постигна 20, Родни Худ 15, Зек Колинс 13 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

