Спорт
СП 2019: Англичанките утнаа пенал, Американките повторно во финале (видео)

Фудбалската репрезентација на САД ќе игра за својата четврта титула светски првак, откако во тесното полуфинале на СП во Франција со 2:1 ја совладаа Англија, бидејќи „лавиците“ утнаа пенал во 83. минута откако претходно им беше поништен гол поради офсајд.
Американките, кои на досегашните осум Мундијали имаат три титули (1991, 1999, 2015) а играа и во уште едно финале (2013), во мечот за златен медал ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Шведска и Холандија, кој на програмата е утре.
Мечот имаше интересен старт, откако уште во 10. минута, Американките дојдоа во водство преку Кристен Прес, но Англичанките успеаја да израмнат само девет минути подоцна со шестиот гол на СП на Елен Вајт. Ѕвездата Алекс Морган го врати водството за САД во 31. минута, по што следуваше контроверзното второ полувреме.
Вајт во 67. минута постигна гол користејќи ја лошата одбрана на Американките, но по прегледувањето на ВАР системот голот беше поништен поради офсајд. Сепак, Англичанките имаа совршена шанса да обезбедат продолженија, кога во 82. минута, Стефани Хјутон застана на белата точка, но голманката Нехер го одбрани нејзиниот слаб удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сане како слободен играч ќе го засили Галатасарај

Лирој Сане одби да го продолжи договорот со Баерн, а германските медиуми тврдат дека тој сигурно ќе го напушти клубот. Сане, според овие извори бил блиску до преселба во Галатасарај.
Сане отпатува во САД со Баерн на Светско клупско првенство, но дека само прашање на денови е кога ќе потпише со турскиот првак.
Турскиот шампион ги подобри финансиските услови што му ги нуди на Сане, играч чиј договор со германскиот шампион истекува на крајот на јуни. Тотенхем и Арсенал исто така беа заинтересирани за неговите услуги.
Сане ја започна својата професионална кариера во Шалке, а потоа играше за Манчестер сити од 2016 до 2020 година. Тој се пресели од англискиот клуб во Баерн, за кој одигра 153 натпревари во Бундеслигата и постигна 40 голови. Со Сити освои две титули во Премиер лигата, а со Баерн четири во Бундеслигата.
Галатасарај работи на зајакнување на играчкиот кадар пред сезоната во која ќе игра во Лигата на шампионите. Вредноста на Сане според „Трансфермаркт“ е 32 милиони евра.
Спорт
Чиле остана без пласман на СП и без селектор

Фудбалерите на Чиле забелаа уште еден пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство следната година. По поразот од Боливија (2:0), Чилеанците остнаа без шанси за пласман на Мундијалот.
Ова е вистинска катастрофа за националниот тим, бидејќи не учествуваа и на претходните две Светски првенства, во Русија 2018 и Катар во 2022 година. Сето тоа се случи откако Чилеанците ја освоија Копа Америка во 2015 и 2016 година.
По поразот од Боливија, Чиле е на последното место на табелата во Јужна Америка. Како резултат на лошиот пласман, веднаш по поразот во Боливија, 67-годишниот Аргентинец Рикардо Гарека, доби отказ. Гарека го презеде Чиле во 2024 година, забележа само една победа во 13 официјални натпревари со Чиле.
Спорт
Сити го потврди трансферот на Рејндерс

Манчестер сити потврди уште едно засилување. Дресот на клубот од „Етихад“ ќе го носи и Холанѓанецот Тижани Рејндерс.
Сити го потврди трансферот од Милан на својата веб-страница, и иако не открија финансиски детали, медиумите објавија дека Сити ќе плати 70 милиони евра за трансферот на холандскиот репрезентативец, кој потпиша договор до летото 2029 година.
„Чест ми е што потпишав за Сити. Горд сум што сум дел од тимот на Пеп Гвардиола, чија работа ја следам со години, уште од Барселона со Лео Меси. Едвај чекам да почнам да работам со него и сигурен сум дека Гвардиола ќе ме направи уште подобар играч“, рече Холанѓанецот.
Пред Рејндерс, Сити ги претстави Рајан Аит-Нури и Рајан Шерки, додека голманот Маркус Бетинели пристигна од Челзи, кој ќе биде трет избор зад Едерсон и Стефано Ортега.
Нури пристигна за сума од околу 45 милиони евра, Шерки од Лион за 36+6 преку бонуси, што значи дека Сити потроши околу 150 милиони евра за летни засилувања.
Важно е да се истакне дека Пеп ќе може да смета на сите играчи на претстојното Светско првенство за клубови во САД.