Спорт
Специјалниот билет за дуелот меѓу Роналдо и Меси во Ријад ќе чини најмалку 2,6 милиони долари
Неверојатни 2,6 милиони долари е сумата што досега е „набилдана“ со наддавање за специјалниот билет за дуелот меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси на 19 јануари во Ријад. Двете ѕвезди на светскиот фудбал ќе се соочат во пријателскиот натпревар меѓу ПСЖ и комбинираниот тим од најдобрите играчи на саудиските клубови, Ал Хилал и Ал Наср, чиј капитен ќе биде Португалецот.
Специјалниот билет со наслов „Beyond Imagination“ е ставен на аукција, која завршува на крајот од денешниот ден. Оној што ќе даде најмногу пари ќе добие право на специјалниот билет, да го следи мечот од посебна позиција во ложата, како и да ги посети соблекувалните на двата тима и лично да се сретне со Меси и со Роналдо.
Досега саудискиот бизнисмен Мушреф Ал Гамди, кој е генерален менаџер на групацијата за недвижнини „AqarOne“, води на наддавањето со 2,6 милиони долари, пренесува „Марка“.
Овој натпревар ќе биде и деби на Роналдо во Саудиска Арабија, бидејќи поради суспензија од периодот во Манчестер Јунајтед не смееше да игра од неговото доаѓање во Ал-Наср.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и селекцијата на фудбалери од првенството на Судиска Арабија ќе ги спротивстави Меси и Роналдо за првпат по 2020 година, кога Јувентус на Кристијано ја победи Барселона на Лео Меси со 3:0 во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дешам изненади со спискот за ЕП – Во репрезентацијата го врати Канте
Селекторот на Франција, Дидие Дешам изненади со списокот на играчи за Европското првенство. На спискот има двајца повратници и неколку повредени играчи, но забележливо е отсуството на голем број млади асови кои играа одлично оваа сезона.
Левиот бек на Реал, Ферланд Менди и играчот од средниот ред на Ал Итихад, Н’Голо Канте (33) се вратија во националниот тим.
Еден од хероите во походот на светската титула во 2018 година, Канте, не играше ниту за националниот тим цели две години.
Селекторот Дешам ги повика Аурелиен Чуамени, Мајк Мењан и Кингсли Коман и покрај тоа што тие се повредени.
Но, навивачите на Франција и спортската јавност, забележаа дека Дешам не покани голем број на млади играчи со одлични сезони зад себе: Мајкл Олизе, Мало Густо, Мо Симакан, Жан Клер Тодибо, Аксел Дисаси, Жан-Филип Матета, Муса Дијаби…
Франција е еден од најголемите фаворити за освојување на ЕП. Во групата е со Холандија, Полска и Австрија.
Спискот на Франција за ЕУРО 2024:
Голмани: Алфонс Ареола (Вест Хем), Мајк Мењан (Милан), Брис Самба (Ленс)
Одбрана: Жонатан Клаус (Марсеј), Тео Ернандез (Милан), Ибрахима Конате (Ливерпул), Жил Кунде (Барселона), Ферланд Менди (Реал Мадрид), Бенжаман Павард (Интер), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајот Упамекано ( Баерн Минхен)
Играчи од средниот ред: Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Јусуф Фофана (Монако), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Н’Голо Канте (Ал-Наср), Адриен Рабио (Јувентус), Аурелиен Чоамени (Реал Мадрид), Ворен Заир-Емери ( ПСЖ)
Напаѓачи: Бредли Баркола (ПСЖ), Кингсли Коман (Баерн Минхен), Усман Дембеле (ПСЖ), Оливие Жиру (Милан), Рандал Коло Муани (ПСЖ), Килијан Мбапе (ПСЖ), Маркус Тирам (Интер).
Спорт
(Видео) Јокиќ и Денвер на -45 во Минеаполис – Минесота избори мајсторка
Минесота го декласира Денвер со 115:70 во шестиот натпревар од полуфиналната серија на Западот. Резултатот во серијата е 3:3, мајсторката во Денвер ќе се одигра во понеделник наутро по средноевропско време.
Натпреварот во „Таргет центар“ во Минеаполис беше решен во првата четвртина, кога по водството ан Денвер 2:9, Минесота направи неверојатна серија 27:2. Четвртината „волците“ ја добија со 31.14.
На полувреме Минесота имаше водство 59:40. Јокиќ постигна 16 поени во првиот дел, погоди седум од 14 обиди од поле, но остатокот од тимот шутираше 7-30.
Во победничкиот тим се истакна Едвардс со 27 поени, МекДаниелс додаде 21, Конли 13, а Таунс и Рид по 10 поени.
Никола Јокиќ имаше солидна партија, постигна 22 поени, девет скока и 9-19 од поле, но ова едноставно не беше вечер на неговиот тим.
Џамал Мареј потфрли со само 4-18 од поле, не прослави ниту Портер јуниор со 3-9, односно Џексон со 0-6 и Холидеј со 0-5.
Спорт
Навивачите дивееја и го прекинаа мечот меѓу Будуќност и Сутјеска
Црногорските спортови се занимаваат со скандали, а нов беше виден во плејофот од локалниот шампионат меѓу Сутјеска и Будучќост.
Тој меч вечерва беше прекинат поради тепачка на навивачите во втората четвртина.
Будуќност водеше со 36:26, кога популарните „Варвари“ влегоа на теренот преку официјалниот влез и почнаа да ги провоцираат домашните навивачи.
Како што пренесува порталот „РТЦГ“, навивачите на Сутјеска одговориле со фрлање столчиња.
Дури потоа реагираше полицијата и ги избрка гостинските навивачи од салата.
Имаше план да излезе и домашната „Војвода“, но Сутјеска одби да го продолжи мечот без своите поддржувачи.
Натпреварот нема да продолжи вечерва, а се уште не се знае каква ќе биде одлуката на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора.