Спорт
Спектакл во најава на „Паркот на принцовите“
Вечерва, ќе бидат познати првите полуфиналисти во Лигата на шампионите. На програмата се реванш-натпреварите ПСЖ-Баерн и Челси-Порто.
Фудбалскиот свет внимателно ќе го следи реваншот во Париз, во кој ПСЖ влегува со предност од 3:2. Натпреварот во Минхен го обележаа Мбапе со два гола, Нејмар со две асистенции и Навас со десет одбрани.
Баерн и на овој натпревар ќе биде без најдобриот во светот – Роберт Левандовски. Полјакот се врати на тренинзите, меѓутоа Ханси Флик тимот ќе го составува без него. нејасно е дали ќе ги игра Серж Гнабри, кој пред првиот меч доби позитивен тест на Ковид-19.
Проблем со ростерот има и Маврисио Покетино. На „светците“ најмногу ќе им недостига капитенот Маркињос, кој се повреди во Минхен. Исто така, поради повреда, дуелот ќе го пропуштат Мауро Икарди и Хуан Бернат.
Незивесен е настапот на Кејлро Навас, кој се повреди во саботата против Старзбур.
Добра вест за Покетино е што може да смета на Марко Верати и Алесандро Флоренци.
Победникот од двомечот ПСЖ-Баерн во полуфиналето ќе игра против Манчестер сити или Борусија Дортмунд.
Во сенка на дуелот во Париз ќе мине дуелот помеѓу Челси и Порто. Англискиот и португалскиот тим и реваншот ќе го играат во Севилја. Пред една недела Челси на „Рамон Санчез Писхуан“ победи со 2:0.
Победникот од ова четвртфинале во полуфиналето ќе игра против Реал или Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Лил го декласира Динамо Загреб
Фудбалерите на Лил го победија Динамо Загреб со 4:0 во петтото коло од Лигата на Европа.
„Догите“, успеаја да го заборават поразот од Црвена звезда и да се вратат на победничкиот колосек во ова натпреварување.
Натпреварот мина во целосна доминација на францускиот тим. Интересно е што таа ги постигна првите два гола по контранапад.
Кај првиот гол, одбраната на Динамо реагираше лошо, Харалдсон го искористи подарокот, му асистираше на Кореја во шеснаесетникот, кој рутински го совлада Филиповиќ.
Нгал’Ајел Мукау го зголеми резултатот на 2:0 во 36-та минута. Домашниот тим лесно ја измами одбраната на Дианмо, а Мукау беше сосема сам пред голот по вратена топка од левата страна.
Во второто полувреме, Лил имаше серија шанси, а искористи две. Хамза Игамане прв постигна гол во 69-та минута. Харалдсон повторно беше во улога на асистент.
Конечните 4:0 ги постигна Бенџамин Андре во 86-та минута.
Динамо има седум бода по пет кола и моментално е на 18-то место, но би можел дополнително да падне на табелата по одигрувањето на вечерните натпревари од Лигата на Европа. Лил е седми со девет бода.
Лига Европа на УЕФА, 5. коло
Рома – Митјиланд 2:1 (1:0)
/Ел Ајнауи 7, Ел Шарави 83 – Паулињо 90/
Астон Вила – Јанг Бојс 2:1 (2:0)
/Мален 27, 42 – Монтеиро 90/
Порто – Ница 3:0 (2:0)
/Веига 1, 33, Омородион 61пен./
Фенербахче – Ференцварош 1:1 (0:0)
/Талиска 69 – Варга 66/
Феенорд – Селтик 1:3 (1:2)
/Уеда 11 – Јан Хјун 31, Хате 43, Мек Грегор 82/
Лил – Динамо Загреб 4:0 (2:0)
/Кореја 21, Мукау 36, Игамане 69, Андре 86/
Лудогорец – Селта 3:2 (1:0)
/Станиќ 11пен, 49, 63пен – Дуран 70, Ел Абделауи 90+6/
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/

