Спорт
Спектакуларен пречек во Сеул за „Златната копачка“ на Премиерлигата

Напаѓачот на Тотенхем, Хјонг – Мин Сон, беше пречекан со овации во родната Јужна Кореја, откако пристигна со својот најголем индивидуален трофеј од оваа сезона, „Златната копачка“ од Премиерлигата.
Сон со Тотенхем успеа во завршницата од сезоната да обезбеди пласман и во Лигата на шампионите.
Пристигнувањето на аеродромот во Сеул беше спектакуларно за Јужокореецот. Тој постигна 23 гола изминатата сезона во Премиерлигата и ја подели наградата за Мохамед Салах од Ливерпул.
Son Heung-min’s welcome as he returned home to South Korea with the Golden Boot was incredible ???
? @Reuterspic.twitter.com/rbdpH7E9R4
— SPORTbible (@sportbible) May 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејан Георгиевски поради стомачен вирус остана со бронзен медал на Медитеранските игри

Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски поради дехидрираност и болест, односно стомачен вирус, остана со бронзен медал и се повлече од битката во полуфиналето на Медитеранските игри во Оран, Алжир.
Тој важеше за еден од најголемите фаворити за златното одличје, но на крајот мораше да се задоволи и со бронзен медал.
Георгиевски во првото коло беше слободен, а во второто го победи Ахмад Мохамад од Египет, во категоријата над 80 килограми.
Спорт
Бернардо Силва сака да го напушти Сити и да се пресели во Барселона

Фудбалерот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сака да ја продолжи кариерата во Барселона. Според каталонскиот медиум „Спорт“, Португалецот го задолжил својот агент Жорге Мендеш да го реализира неговиот трансфер на „Камп Ноу“ ова лето.
Бернардо Силва разговарал и со менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, и нему му ја открил својата намера.
Барселона исто така многу го сака Бернардо Силва во своите редови, но свесни се дека таков трансфер нема да биде нималку лесна задача. Фудбалерот од средниот ред има договор со Сити до 2025 година, а минатата сезона беше клучен играч во селекцијата на Гвардиола, одигра дури 50 официјални натпревари, постигна 13 гола и имаше седум асистенции.
Манчестер Сити сака отштета од 100 милиони евра за 27-годишниот Бернардо Силва. Каталонците се надеваат дека ќе можат да ја спуштат цената на околу 60 милиони евра. Пресврт може да биде и евентуалниот трансфер на Френки де Јонг во Манчестер Јунајтед.
Спорт
Саинц триумфираше на Силверстоун, Хамилтон избори место на подиумот

Карлос Саинц е победник на драматичната трка за Големата награда на Британија на Силверстоун. Пилотот на Ферари ја забележа првата победа во кариерата. Саинц ја искористи пол – позицијата за која се избори вчера. Тој е 112. возач кој влегува во списокот победници во Формула 1.
Серхио Перез заврши на втората позиција, а во неизвесните последни кругови Луис Хамилтон успеа да дојде до третата позиција и до подиумот добивајќи ја битката со Шарл Леклер.
Трката имаше повторен старт откако почна инцидент откако при првиот свиок дојде до троен судир при што болидот на Кинезот Жу се преврте и одлета кон заштитната ограда. Тимот на Алфа Ромео информираше дека пилотот е во добра состојба.