Спорт
Спектакуларни трансфери во триаголникот ПСЖ-Интер-Тотенхем

Европските медиуми најавуваат дека се подготвува интересна размена на фудбалери на релација Интер-Тотенхем-ПСЖ. Вакви размени се карактеристични за НБА лигата.
Намерата на Интер е да го врати Кристијан Ериксен во Лондон, Деле Али од Тотенхем би се преселил во Париз, а од ПСЖ во градот на модата би завршил Леандро Паредес.
Радио Монте Карло тврди дека сите страни би биле задоволни доколку дојде до еден ваков трејд.
Тренерот на ПСЖ, Маурисо Покетино би го добил својот миленик од Тотенхем, Деле Али, Интер би се ослободиле од услугите на Ериксен, кој не ги оправда очекувањата и би го добиле Паредес за кого и во минатото покажуваа интерес.
Преговорите меѓу трите страни се во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челси подготвува монструозна понуда за „единицата“ на Милан

Голем дел од европските фудбалски гиганти веќе започнаа со плановите за летни засилувања, па и лондонски Челси тргна во таа насока. „Сините“ се во потрага по нов голман.
Кепа Аризабалага беше прешкртан уште додека менаџер на тимот беше Френк Лампард. Го замени Едуард Менди кој дојде од француски Рен, но новиот стратег на „сините“ сака уште поголемо име меѓу стативите.
Управата на клубот се сложила со ставот на Германецот и одобрила доведување на младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума.
Сите влијателни италијански медиуми денеска пишуваат за „монструозниот договор“ кој Челси го подготвил за првата „единица“ на „Росонерите“.
Милан прави се Донарума и во иднина да остане на „Сан Сиро“ за налето да не го загубат како слободен играч.
Информациите се дека Челси подготвува договор со 10.5 милиони фунти годишна плата за Италијанецот.
Во приказната за Донарума е вклучен и ПСЖ кој секако може да понуди голема сума за да го привлече на „Паркот на принцовите“.
Спорт
(Видео) Гори Белград – Црвена Звезда слави роденден!

Навивачите веќе подолго време не се на трибините, но приврзаниците на белградска Црвена Звезда редовно им покажуваат на фудбалерите дека се тука, со нив.
Популарните „Делии“ по повод 76-тиот роденден на клубот низ цел Белград поставија димни бомби со бојата на клубот.
Црвена Звезда својот 76-ти роденден го дочека како шампион на Србија во фудбал и во кошарка, но и европски тим во двата споменати спорта.
Еве како изгледаше тоа:
Спорт
Тајгер Вудс ништо не се сеќава, а судот не дозволил да му земат крв за анализа

Десетина дена по сообраќајната несреќа во Калифорнија испливаа нови детали за околностите под кои легендарниот голфер Тајгер Вудс (45) излета од патот, удри во дрво и се преврте со своето возило.
Шерифот на округот вели дека Судот не им одобрил да испитаат дали Вудс имал алкохол и дрога во крвта при несреќата. Воздушните перничиња му го спасиле животот, а пожарникарите морале да го сечат лимот за да го извлечат од возилото. Голферот имаше тешки скршеници на потколениците кои се стабилизирани со метална шипка. За среќа, избегната е ампутација, но останува отворено прашањето дали голферот во иднина ќе може професионално да се натпреварува.
Тајгер Вудс беше во безсознание по несреќата, а прв напомош му пришол случаен минувач.
„Замениците на шерифот го прашале возачот како се случил судирот. Возачот рекол дека знае и дека не се сеќава на возењето. Повторно во болница го прашале за судирот и повторно рекол дека на ништо не се сеќава“ стои во полицискиот записник.
Од црната кутија на автомобилот на Вудс ќе се дознае какви биле перформансите на возилото и кои се потенцијалните причини за несреќата по која голферот нема да биде кривично гонет затоа што не било дозволено да се истражи дали бил пијан или дрогиран додека бил зад воланот.
Уште во 2017 година Тајгер бил уапсен поради возење во пијана состојба, а тогаш во крвта му биле пронајдени траги од лековите „амбиен“ и „викодин“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер