Спорт
Спогодбено се разделија Фенербахче и Рајан Кент
Фенербахче и Жозе Мурињо го раскинаа договорот со 27-годишниот Рајан Кент.
Како што информираат од турскиот клуб, Кент добил спогодбен раскин на договорот, што фудбалерот во јануари ќе може да се пресели во друг клуб. Прогнозите се дека ќе се врати во Велика Британија.
Сето ова се случи пред викендот и мечот со Самсун и натпреварот на Фенербахче во Лига Европа против поранешниот клуб на Мурињо, Манчестер јунајтед наредниот четврток.
Кент во Фенербахче помина само 16 месеци. Тој во Истанбул пристигна во 2023 година и потпиша четиригодишен договор.
Сепак, минатата сезона одигра само 18 натпревари во сите натпреварувања, додека ксј Мурињо имаше само еден настап, во квалификациите за Лигата на шампионите.
Инаку, Кент летово имаше неколку понуди, пред се од Лацио и уште неколку клубови од Англија и Саудиска Арабија, а се верува дека Лидс се уште е заинтересиран за него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нигеријците испаднаа борбата за СП и ги обвинија ривалите дека користеле вуду магија
Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија, Ерик Челе, ги обвини играчите на ДР Конго дека користеле вуду магија за време на драматичното изведување на пенали во финалето на плејофот за Светското првенство.
ДР Конго победи со 4:3 откако натпреварот заврши 1:1, со што обезбеди место во Интерконтиненталниот плејоф и ја исфрли Нигерија од квалификациите.
Нигерија поведе во третата минута со голот на Френк Оњека, но Мешак Елија израмни за ДР Конго во 32-та минута. На крајот, пенал рулето реши која селекција ќе продолжи понатаму. Конгоанците беа поуспешни и обезбедија пласман во последната фаза од квалификациите за пласман на СП.
Откако Шансел Мбемба го постигна победничкиот пенал, Челе влезе во вербална расправија со неколку членови на стручниот штаб на ДР Конго, вклучувајќи го и селекторот Себастијан Десабре. Тензиите беа смирени од членовите на нигерискиот тренерски штаб.
Десабре го минимизираше инцидентот на прес-конференција, велејќи дека конфликтот „не бил проблем“. Сепак, на крајот од својот говор, Челе ги праша новинарите зошто никој не го спомна инцидентот и рече дека Конгоанците користеле врач.
Челе подоцна ги повтори обвинувањата додека шеташе низ медиумската зона: „За време на изведувањето на пенали, конгоанските играчи правеа вуду.“
Мавтајќи со раката, нигерискиот тренер ги имитираше наводните движења со рацете од конгоанската клупа, а потоа рече: „Не знам дали беше вода или нешто слично.“
Претставник на Фудбалската асоцијација на ДР Конго ги негираше тврдењата на Челе.
Спорт
Инсиње е пред потпис на договор со Лацио
Лоренцо Инсиње, поранешен капитен на Наполи, одреден период е без клуб, а според медиумите тој ќе се врати во Италија.
Италијанските медиуми на големо пошуваат дека поранешниот репрезентаивец и европски првак со азурите ќе стана нов член на Лацио.
„Лацио го сака Инсиње поради неговите технички карактеристики. Проблемот е што трансферите на клубот се блокирани. Ќе видиме што ќе се случи. Работиме на тоа веќе некое време, а има и некои други ситуации“, рече неговиот менаџер, Андреа Дамико, кој наговести дека ќе се случи трансфер.
„Блиску сме, но нема да ви дадеме ексклузива“, рече тој.
Инсиње веќе одби две понуди во лето, чекајќи нова соработка со Маурицио Сари.
„Инсиње заслужува да игра на високо ниво. Секој сака млад играч кој подоцна може да се продаде и да оствари профит. Но, иако има 34 години, тој е играч кој може да ги направи подобри своите соиграчи“, рече Дамико.
Спорт
Донарума за дебаклот на Италија: Неприфатливо
Фудбалската репрезентација на Италија доживеа тежок пораз на „Сан Сиро“, во последното коло, во квалификациите за пласман на СП. Азурите водеа против Нрвешка, на крајот загубија со 1.4.
И пред почетокот на натпреварот беше јасно дека Италија има невозможна задача, да победи со девет голови разлика за да го освои првото место. Водеа Италијаните со голот на Еспозито, а откако во вториот дел Нуса изедначи, на азурите целосно потоанаа во последните 15-тина минути, кога Норвашка постигна три гола.
Капитенот Џанлуиџи Донарума беше исклучително критичен, велејќи дека „е неприфатливо тимот целосно да ја изгуби самодовербата“ откако прими гол.
„Не требаше да го примиме третиот гол, четвртиот беше во 93-та минута, проблем е што престанавме да играме во второто полувреме“, изјави Донарума за „Скај Спорт Италија“ и „РАИ Спорт“.
„Во првото полувреме, беше сосема поинаков натпревар, не им дозволивме да излезат од својата половина. Мораме да го правиме тоа 95 минути, а не 45“, додаде тој.
„Боли овој пораз, но мора да кренеме глава бидејќи сè ќе се решава во март со тие два натпревари. Мора повторно да ја пронајдеме самодовербата и вербата во себе, и сигурен сум дека ќе можеме да го направиме тоа благодарение на нашиот тренер.“
Италија ја чека ждрепката за плејофот за Светското првенство, која ќе се одржи во четврток, 20 ноември. Полуфиналните натпревари се закажани за 26 март, а финалните на 31 март следната година.

