Спорт
Според World Referee, Мажиќ е најдобриот светски судија на сите времиња!

Српскиот судија Милорад Мажиќ е прогласен за најдобар фудбалски судија во светот на сите времиња. Таа титула му ја додели најугледната интернет-страница, која се занимава со анализа на судењата, World Referee.
Наинтернет-страницата се оценуваат контролата на играта, физичката подготовка на судијата, позиционирањето на теренот и јавните опомени. Овие елементи се гледаат кај судиите на сите мечеви што се организирани од ФИФА и УЕФА, а кога сите параметри ќе се земат предвид, Мажиќ е најдобриот меѓу судиите.
Мажиќ е единствениот судија што добил оценка 10, и тоа двапати судејќи мечеви во Лигата на шампиони (Манчестер јунајтед-Јувентус и Барселона-Тотенхем).
Зад српскиот арбитар останаа Чунејт Чакир, Кујперс, Феликс Брих, Хауард Веб и многу други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“