Спорт
„Спорт 1“: Шпанците нема да излезат на теренот против Косово?

Шпанија, една од најсилните репрезентации во светот, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, ќе игра во Б-групата против Шведска, Грција, Грузија и Косово.
Шпанците се апсолутни фаворити во оваа група, но она што е интересно е што три држави во групата (Шпанија, Грција, Грузија) не го признаваат Косово како држава.
Можно е да има проблеми со одигрувањето на натпреварите. Германскиот „Спорт 1“ пишува дека Шпанците нема да сакаат да излезат на теренот задно со фудбалерите од Косово.
„За разлика од властите во Грција и Грузија, шпанската влада на своите репрезентации не им дозволува да се натпреваруваат против Косово. Забраната е воведена бидејќи станува збор за слична ситуација во која се наоѓа Шпанија со барањата за независност на Каталонија. Шпанија од почетокот е на страната на Србија“, пишува „Спорт 1“.
Квалификациите за пласман на СП во Катар ќе почнат во март, останува да се види како УЕФА ќе го реши овој проблем.
Chaos in #WM-Quali? Gegner erkennen Kosovo nicht an. https://t.co/1p9tYr11Bb
— SPORT1 (@SPORT1) December 7, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Прв пораз за Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва во ВТБ лигата

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ го претрпе првиот пораз со ЦСКА Москва по серијата од 24 последовни победи во ВТБ лигата. ЦСКА Москва загуби на домашен терен од Зенит со 86:90 во драматичен натпревар.
Зенит го најави изненадувањето во првиот период кој го доби со 18:26, но потоа одговори ЦСКА Москва и на полувреме замина со три поени предност (42:39).
Драматичниот меч се решаваше во последната четвртина, а Алексеј Швед не успеа да реализира при минимално водство на гостите (77:79). Зенит поведе со 77:83 и успеа да слави триумф со конечни 86:90.
Спорт
Лацио освои бод во Верона

Лацио ремизираше (1:1) на гости против Верона и се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А со 39 бода. Сега „лацијалите“ имаат бод повеќе од Аталанта во трката за пласман во Лигата на шампионите.
Шпанецот Педро во 45.минута донесе водство за Лацио, но Сирил Нгонг не дозволи пораз за Верона откако погоди во 51.минута од мечот.
Верона по ова реми се наоѓа на 18. позиција со 14 освоени бодови.
Спорт
Бојан Миовски во тимот на колото во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби место во најдобриот тим на колото во првенството на Шкотска, што го објавува влијателниот „Би-Би-Си“. Напаѓачот на Абердин имаше одличен настап за својот тим во триумфот од 3:1 против Мадервил.
Миовски постигна два гола во победата на Абердин.