Спорт
Спортскиот директор на Интер ги следи сопругите на своите играчи на Инстаграм
Пјеро Аусилио, спортскиот директор на финалистите во Лигата на шампионите, Интер, откри дека има лажен профил на Инстаграм за да може да следи што прават сопругите и девојките на неговите играчи.
„На социјалните мрежи се случуваат многу работи, од тоа може да произлезат проблеми и затоа морам да бидам добро информиран.
Сопругата на поранешен играч му правела многу маки, поради што решил да направи профил.
„Признавам дека имам таков профил на Инстаграм. Следам и други играчи и клубови на него.
Се претпоставува дека лажниот профил го создал поради Ванда Икарди, сопругата на поранешниот фудбалер на Интер, Мауро Икарди. Ванда е позната по скандалите и контроверзните изјави и по тоа што има големо влијание врз кариерата на нејзиниот сопруг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин