Спорт
Србија на Пикси дебитираше со победа, Словенците подобри од Хрватска, Украинците со реми во Париз

Србија во првиот меч со Драган Стојковиќ-Пикси како селектор, стигна до камбек 3:2 победа над Ирска, благодарение на Душан Тадиќ и Александар Митровиќ, додека во соседската пресметка, Словенија со 1:0 ја шокираше Хрватска. Актуелниот светски шампион, Франција немаше најдобар старт откако одиграа дома со Украина 1:1, додека фантастичната Белгија се врати за 3:1 победа над Велс.
На „Рајко Митиќ“ во Белград, Ирска успеа да стигне до водство во 18. минута преку Алан Браун, пред Душан Влаховиќ да израмни во 40. минута. „Џокерот“ на Пикси беше напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, кој по влегувањето во игра во 63. минута постигна два гола во 69. и 75. минута за комплетен пресврт. Џејмс Колинс во 86. минута намали на 3:2 за да ги направи последните минути многу интересни. Во Љубљана пак, Словенија, со голот на Санди Ловрич уште во 15. минута, стигна до импресивна 1:0 победа над светскиот вицешампион Хрватска.
На „Паркот на принцовите“, Франција поведе со фантастичниот гол на Антоан Гризман во 19. минута од мечот, но Украинците израмнија со автоголот на Кимпембе во во 57. минута. Белгија губеше од Велс по само десет минути игра, но Кевин де Брујне прво израмни со фантастичен удар, пред Торген Азар да ги донесе „ѓаволите“ во водство пред крајот на првото полувреме. Ромелу Лукаку од пенал во 73. минута ги постави конечните 3:1
СП 2022, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Португалија – Азербејџан 1:0
Србија – Ирска 3:2
ГРУПА Д
Финска – Босна и Херцеговина 2:2
Франција – Украина 1:1
ГРУПА Е
Белгија – Велс 3:1
Естонија – Чешка 2:6
ГРУПА Г
Турција – Холандија 4:2
Летонија – Црна Гора 1:1
Гибралтар – Норвешка 0:3
ГРУПА Х
Словенија – Хрватска 1:0
Кипар – Словачка 0:0
Малта – Русија 1:3
СРБИЈА – ИРСКА
СЛОВЕНИЈА – ХРВАТСКА
ФРАНЦИЈА – УКРАИНА
БЕЛГИЈА – ВЕЛС
ПОРТУГАЛИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН
ГИБРАЛТАР – НОРВЕШКА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кејн со ултиматум до Тотенхем – Пласман во ЛШ или заминува

Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн, им порачал на клупските челници дека летово ќе побара трансфер, доколку Спарс не изборат пласман во Лигата на шампионите.
Информацијата за незадоволството на Кејн го објави „Атлетик“. Според овој извор, Кејн бил фрустриран, бидејќи најдобрите години од кариерата ги поминал обидувајќи се да освои трофеј со Тотенхем.
„Атлетик“, шпекулира дека доколку Кејн го напушти Тотенхем дека негова следна дестинација ќе биде Манчестер, прашање е само дали ќе заврши во Јунајтед или Сити.
Манчестер сити, во летниот преоден рок ќе мора да донесат напаѓач од светска класа, откако стана јасно дека Серхио Агуеро ќе го напушти клубот.
Во слична позиција се и Манчестер јунајтед. Единсон Кавани, по само една сезона ќе замине од клубот, а Ентони Марсијал не е класичен напаѓач.
Што и да реши Кејн, цената која ќе ја бараа Дениел Леви за својот најдобар играч нема да биде мала.
Медиумите во Англија шпекулираат дека Тотенхем нема да го продаде Кејн за сума помала од 120 милиони фунти.
Спорт
Маркез ќе вози на ГН на Португалија

Марк Маркез доби дозвола да вози на трката за Големата награда на Португалија, која ќе се вози на 18.април. Шпанецот, успешно ги минал сите медицински тестови.
Маркез, последната трка ја возеше во Херез на 19.јули, минатата година. Тогаш доживеа фрактура на надлактицата. Во изминатите девет месеци тој мораше да оди на три операции, последната му беше извршена во декември минатата година.
„Лекарите ми дозволија да возам. Беа ова тешки девет месеци, со многу моменти на неизвесност, подеми и падови. Конечно, повторно ќе можам да уживам во својата страст. Се гледаме во Портимао“, напишал Маркез на Твитер.
Големата награда на Португалија е трета трка во Мото ГП првенството, првите две им припаднаа на возачите на Јамаха, Маверик Вињалњес и Фабио Квартараро.
Спорт
Шутерско шоу на Зек Лавин и Тре Јанг

Атланта Хокс и Чикаго Булс одиграа натпревар кој ќе влезе во историјата на НБА лигата. Натпреварот кој заврши со победа на Атланта 120:108, го обележаа Тре Јанг и Зек Лавин.
Јанг ја предводеше Атланта со 42 поени, 17 постигна во третата четвртина, девет скока и осум асистенции.
Сепак, шоуто го украде Лавин, кој забележа личен рекорд. Бекот на Чикаго постигна 50 поени (осум тројки). Лавин во првиото полувреме постигна 39 поени, во еден период имаше серија од 25 коша.
Лавин е првиот играч на Чикаго, по најдобриот во историјата Мајкл Џордан, кој во едно полувреме уфрлил 30 или повеќе поени.
Во последните 20 години, повеќе кошеви во првото полувреме постигнале само Клеј Томпсон (42) и Коби Брајант (40).
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш