Спорт
Србија со смешен автогол до победа во Будимпешта

Србија со малку помош од ВАР стигна до 0:1 победа над Унгарија на „Ференц Пушкаш“ арената во Будимпешта во пријателски меч, додека Косово со 5:0 го декласираше четврт-финалистот на Африканскиот куп на нации, Буркина Фасо, а Ерменија со 1:0 ја совлада Црна Гора.
Клучниот момент во Будимпешта се случи во 35. минута, кога по една акција на гостите, Александар Митровиќ упати убав удар кој заврши во пречката, Жолт Наѓ несмасно си ја смести топката во сопствената мрежа.
ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ
Ерменија – Црна Гора 1:0
Косово – Буркина Фасо 5:0
Унгарија – Србија 0:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Луис Енрике тврди дека ПСЖ (не) е фаворит против Астон Вила

Луис Енрике, тренерот на Пари Сен Жермен, не се согласува во целост дека неговиот тим е фаворит против Астон Вила во четвртфиналето на Лигата на шампионите со Астон Вила, .
Првиот натпревар се игра на „Паркот на принцовите“, вечерва од 21 часот.
„Мислам дека сме фаворити како што бевме против Ливерпул во осминафиналето, кога обложувалниците не ни дадоа никакви шанси или минимални шанси. Нема фаворити во оваа фаза, осумте тима што стигнаа до тука го заслужија тоа. Осум екипи кои можат да продолжат, а патот зад нас е полн со елиминирани фаворити“, рече Енрике.
На спротивната страна една од најголемите закани по голот на ПСЖ ќе биде Марко Асенсио, кој во јануари од Париз се пресели на позајмица во Астон Вила.
„Тоа не ми пречи, напротив, ми се допаѓа што Марко Асенсио може да игра, бидејќи овде не моеше да има погголема минутажа овде. Имаше опција да замине во Бирмингем… Го познавам Марко подобро од сите вас, поминавме многу заедно во репрезентацијата, бевме на Светско првенство и тој беше многу важен играч за мене. Го знам во душа“, рече Енрике, а потоа го пофали колегата Унаи Емери.
„Тренер со одлично резиме кој внимава на деталите, Вила напредуваше под него водство“.
Спорт
Газдата на Денвер за отказот на Мелоун: Победите само ги маскираа проблемите

Американската кошаркарска јавност се уште е во шок од веста дека Денвер Нагетс го отпуштија тренерот Мајк Мелоун. Покрај тренерот, отказ доби и генералниот менаџер Крис Бут. Според многумина токму Бут е најголемиот виновнки за се она што се случува во Денвер.
Поради реакциите во јавноста, која го поддржува Мелоун, потреба да се огласи почувствува сопственикот Џош Кронке.
Кронке откри за каналот Денвер во кој момент од сезоната сфатил дека тимот не оди во посакуваната насока и кога ја зацврстил одлуката да го замени Мелоун.
„Ова не е лесна одлука или одлука која е донесена импулсивно, како реакција на последните порази. Го анализирав тимот одреден временски период, имаше одредени трендови кои многу ме загрижуваа во различни временски периоди. Сето тоа во одредени периоди ќе го замаскираа некои победи”, рече Кроенке.
„Во светот на професионалниот спорт каде што победите и поразите се ваша валута, победите можат многу да прикријат. Бевме во серија пред Ол-стар викендот, но оттогаш имавме 11-13, ги загубивме последните четири и одиме во насока што мислам дека ќе доведе до брз крај на сезоната. Кога го зедовме сето тоа во предвид баравме начин како да го извлечеме најдоброто од тимот. По разговорот со мојот татко ни стана јасно дека дека нешто мора да смениме на крајот од сезоната, но и моравме да донесеме најдобра одлука за да го раздвижиме тимот. Затоа ја донесовме оваа одлука“, објасни тој.
Кронке очекува тимот да биде подобар од досега, очекува реакција.
„Да, очекувам искра, мислам дека групата постигна многу оваа сезона, не знам до каде може да стигне, мислам дека никој нема одговор на тоа прашање, но верувам дека овој тим може да постигне повеќе оваа сезона и времето ќе покаже дали ќе успее“.
Спорт
(Видео) За седум минути Минесота испушти +21 и загуби во Милвоки

Кошаркарите на Милвоки, со спектакуларен пресврт ја совладаа Минесота со 110:103.
Милвоки губеше со 71:95 на 10 минути до крајот на натпреварот, а потоа тргна во серија од 34:3 за победа.
Еј Џеј Грин на 3:35 постигна тројка за 97:97.
Крилниот центар на Милвоки, Џанис Антетокунмпо забележа трипл-дабл со 23 поени, 13 скока и 10 асистенции. Кевин Портер го следеше со 21 поен, пет асистенции и четири скока.
Двоцифрен улинок имаа Боби Портис со 18 поени и 10 скока, односно Кајл Кузма и Брук Лопез со по 10.
Кај Минесота најрасположен беше Ентони Едвардс со 25 поени, седум скока и четири асистенции, поен помалку постигна Донте ДиВиченцо.
Ова е петта последователна победа за Милвоки и моментално се петти на Истокот, додека Минесота е осма во поредокот на Западот.