Спорт
Српски фудбалер добил срцев напад на терен, сакал да продолжи да игра

Драгиша Гудељ, српскиот фудбалер и брат на ѕвездата на Севилја, Немања Гудељ, доби срцев напад на терен во меч од третата лига во Шпанија, но сакал да продолжи на мечот.
Дуелот помеѓу Кордоба и Расинг Ферол беше прекинат при резултат 1:1, откако 25-годишиот Гудељ колабирал и по брза интервенција на лекарскиот тим бил однесен со амбулантно возило. Иако седум минути бил реанимиран, Гудељ инсистирал дека може да продолжи со игра.
Footballer Dragisa Gudelj suffered heart attack, evacuated by ambulance, medical emergency after collapsing in the 11th minute of the first half of the match between Córdoba and Racing de Ferrol.https://t.co/CRf6EOmDDi pic.twitter.com/cB7Q5YCqbL
— Hello Dave (@David83823494) March 26, 2023
🇷🇸Dragisa Gudelj, brat gracza Sevilli Nemnaja Gudelja, zasłabł na boisku w trakcie spotkania.
Na boisku pojawiła się karetka, a zawodnik Cordoby na całe szczęście odzyskał przytomność.
Jak wyczytałem, doszło u niego do zatrzymania akcji serca.pic.twitter.com/bUWupyxKBa
— Kamil LaLiga Fan🇪🇸 (@Kamil47085941) March 25, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еден дебитант на списокот на Милевски за натпреварите со Украина и Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го обајави спискот на играчи за квалификациските натпревар против Украина и Англија.
Овие квалификациски натпревари ќе ги пропушти Бојан Миовски. Напаѓачот на Абердин се повреди пред десет дена. На спискот на селекторот има 29 играчи, дебитант е Сефер Емини.
„Морам да почнам со лошите вести. Им посакувам брзо опоравување на Бојан Миовски и на Дарко Чурлинов. Миовски се здоби со повреда, а Чурлинов е хоспитализиран во Белград и се надевам дека брзо ќе се подобри неговата здравствена состојба. Имаме еден дебитант, Сефер Емини, кој со своите игри во клубот, заслужи повик во националниот тим”, изјави селекторот Благоја Милевски.
Македонија ќе ја пречека Украина на 16 јуни, а три дена подоцна на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе и гостува на Англија.
Спорт
Перишиќ сака да го напушти Тотенхем

Иван Перишиќ (34) не е задоволен од својот статус во Тотенхем, но и воопшто од состојбата во која се наоѓа клубот. незадоволен е што Тотенхем нема да игра во европските купови, поради што сака да го напушти Лондон. „Калчомеркато“, обајави дека оваа своја одлука искусниот фудбалер им ја соопштил на клупските челници.
Хрватскиот репрезентативец оваа сезона за Тотенхем одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и забележа 12 асистенции.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Перишиќ сака да се врати во Интер и дека не го интересира ниту еден друг клуб. Жали што си замина од Милан бидејќи Интер сега игра финале во Лигата на шампионите.
Пласманот во финалето на Лигата на шампионите е мала финансиска инјекција за италијанскиот гигант, но ситуацијата се уште е далеку од идеална. „Калчомеркато“, пишува дека Интер нема да понуди нов договор на ниту еден од играчите кои имаат 30 или повеќе години и влегуваат во последната година од договорот.
Поради тоа речиси е невозможно клупските челници да одобрат средства за да го вратат Перишиќ.
Спорт
Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

„Брера Холдингс“, неодамна купи 90 отсто од акциите на фудбалскиот клуб Академија Пандев. Новиот газда го повлече првиот конкретен чекор од превземањето на клубот, го смени името. Од наредната сезона клубот ќе настапува под името „Брера Струмица“.
„Брера Струмица е за нас стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадро за пазарот на светскиот фудбал. Затоа ние правиме напори за брзо да го вратиме клубот на водечките позиции“, изјави Серџо Скалпели, извршниот директор на „Брера Холдингс“.
Со клубот влезе во подготвките за новата сезоната. Најпрвин во клубот ќе пристигне нов тренер, откако од клубот си замина Александар Васоски.
Македонската легенда, Горан Пандев за 600.000 евра продаде 90 отсто од акциите на „Брера Холдингс“.