Спорт
Станковиќ за Златан: Тој е скромен и срамежлив, на „леб да го мачкаш“!

Тренерот на Црвена Звезда, поранешниот ас на Интер – Дејан Станковиќ во интервју за „Тутомеркато“ открива дека шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ надвор од теренот е чиста спротивност од она што луѓето можат да го видат на стадионите.
„Ибра потполно се разликува од она што го гледате на тв. Би рекол дека правиот Златан Ибрахимовиќ е потполна спротивност од тоа. Вистинскиот Златан е скромен, срамежлив, кога сме со пријатели, тој е резервиран. Можеби ја открив неговата тајна, но тој е таков, на `леб да го мачкаш`“ – вели Станковиќ.
Српскиот ас вели дека напаѓачот на Милан има големо срце и неговите човечки вредности се голем плус за „Росонерите“.
„Има огромно срце, верувајте ми. Неодамна наполни 40 години и ја користам можноста повторно да му честитам. Задоволен сум што и во овие години се уште е на теренот и се бори како лав. Тој со 40 години знае што може да теренот“ вели Станковиќ кој со Ибрахимовиќ своевремено беше соиграч на „Џузепе Меаца“ во сино-црниот дрес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Киеза спречи изненадување на „Енфилд“

Новата сезона во Премиер лигата започна со натпреварот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. По голема борба, „црвените“ победија на „Енфилд“ со резултат од 4:2.
Првото полувреме беше резервирано за Уго Екитике, Французин чии способности беа доведени во прашање поради парите што беа издвоени за него.
Напаѓачот на домашниот тим беше сеприсутен. Веќе по 10 минути од играта, тој беше во крупен план откако Сенеси играше со рака и со тоа го спречи противникот да има еден на еден со голманот Ѓорѓе Петровиќ.
По проверката во ВАР собата, беше утврдено дека нема основа за црвен картон, првата контроверзна одлука во Премиер лигата оваа сезона што вклучуваше видео преглед.
Екитике не дозволи оваа ситуација да го исфрли од ритам и до крајот на полувремето токму тој ја затресе мрежата откако топката буквално му се залепи за ногата, по што следеше ладнокрвен финиш.
На почетокот на вториот дел Екитике му асистираше на Коди Гакпо, кој си направи простор и погоди за 2:0.
Следуваше период во кој Арне Слот направи неколку измени и впечатокот е дека со тоа го наруши ритамот на својот тим.
Анотан Семењо тогаш стапи на сцена, најпрвин го намали резултатот, а потоа изведе вистинска мајсторија. Го прерча речиси целиот терен и го изедначи резултатот.
Во финишот Ливерпул сепак успеа да дојде до победата. Неочекуван херој е федерико Киеза,кој во 88.минута ја искористи лошата реакција на двајца дефанзивци на Борнмут.
Точка на мечот стави најдобриот стрелец во лигата минатата сеозна, мо Салах во 94.минута.
foto/ EPA
Спорт
(Видео) Рајо ја декласира Џирона, Миовски заменет во 45.минута

Рајо Ваљекано со победа во Џирона ја отвори 95. сезона во шпанската Ла Лига. „Пчелките“ славеа убедлива победа со 3:1.
Иако можеби не беше очекувано, првиот меч во сезоната донсе голем број голови, а победникот беше познат по првите 45.минути.
Рајо Ваљекано постигнаа два гола во рок од три минути. Прво, во 18-та минута, Хорхе Де Фрутос постигна гол, а во 21-та минута, му асистираше на Алваро Гарсија за 2:0.
Во 43-та минута, домашниот голман Пауло Газанига направи прекршок за пенал и доби директен црвен картон. На теренот влезе резервниот голман Крапивцов, а тренерот Мичел реши да го повлече од игра македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Пеналот во гол го претвори Иси Палазон.
Џирона не се откажа, продолжи да напаѓа, а наградата стигна во 57-та минута кога, по продорот на Циганков, топката ја смести во мрежата Жоел Рока.
Foto/ EPA
Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.