Спорт
Стартува нокаут фазата во Лигата на шампиони
По пауза од три месеци фудбалските фанови повотрно ќе можат да уживаат во најсилното клупско натпреварување во светот, Лигата на шампиони. Осминафиналната фаза ќе ја отворат натпреварите ПСЖ-Баерн Минхен и Милан-Тотенхем.
Дуелот на ПСЖ и Баерн е дерби во оваа фаза. На почетокот на сезоната двата клуба влегоа во натпреварувањето со амбиции да го освојат, но за ПСЖ или Баерн двата натпревари во осминафиналето ќе бидат последни оваа сезона во елитното натпреварување.
Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтиер има проблеми со повреди на играчите, бидејќи во тимот најверојатно ќе го нема Килијан Мбапе, додека Лионел Меси треба да биде подготвен за дуелот. Медиумите во Франција пишуваат дека Мбапе би можел да биде меѓу резервите, но и дека доколку добие шанса да игра тоа нема да се случи пред 70.минута.
ПСЖ е поразен четири пати на последните 10 натпревари во сите натпреварувања. Шампионот на Франција загуби со 3:1 на гостувањето кај Монако во француското првенство во саботата. „Светците“ се први на табелата во националниот шампионат со 54 бодови.
Во саботата Баерн го совлада Бохум со 3:0 во 20. коло од Бундес лигата. На последните пет натпревари во Бундеслигата, клубот од Минхен оствари две победи, а три пати играше нерешено. Баерн е на првото место на табелата со 43 бодови, еден повеќе од Унион Берлин. Баварците на овој натпревар ќе бидат без Садио Мане.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Баерн се игра од 21 часот во Париз. Реваншот е закажан за 8. март во Минхен.
Од 21 часот на „Сан Сиро“ во Милано ќе започне дуелот Милан-Тотенхем.
Италијанскиот шампион пред три дена го победи Тоирно со 1:0 во Серија А и ја прекина серијата од четири порази во сите натпреварувања. Милан имаше серија од седум меча без победа од 4. јануари, во овој период Милан беше исфрлен од Купот на Италија од Торино.
Тотенхем во натпреварот против Милан влегува по три порази во последните пет натпревари во Премиер лигата. Тотенхем е петти на табелата во Премиер лигата со 39 бодови. Менаџерот на Тотенхем Антонио Конте има сериозни проблеми со составувањето на тимот. Тројца важни играчи од редот за врска нема да му бидат достапни за овој натпревар: Бентакур ја заврши сезоната, Бусима поради повреда нема да игра до мај, а Хојберг е суспендиран.
Реваншот меѓу Тотенхем и Милан е закажан за 8. март во Лондон.
Во среда се играат уште два први осминафинални натпревари, а се среќаваат: Клуб Бриж – Бенфика и Борусија Дортмунд – Челзи.
Во вторник на 21. февруари се закажани следните натпревари: Ливерпул – Реал и Ајнтрахт – Наполи. Во среда на 22 февруари се среќаваат: Лајпциг – Манчестер сити и Интер – Порто.
Реваншите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се играат на 7, 8, 14 и 15 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

