Спорт
Ставре Јада 86. во спринт квалификациите на ЗОИ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/273528553_3154530014758611_4989974000981493891_n.jpg)
Македонскиот репрезентативец, Ставре Јада, го освои 86.место, во квалификациите за спринт трката на 1,5 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Во квалификациите настапија 88 натпреварувачи.
Јада спринтот го заврши со време од 3:29.13 минути. Зад победникот Лукас Шанава од Франција, Ставре Јада доцнеше 44.10 секунди.
Во останатиот период тој ќе продолжи да се подготвува за неговата втора и последна трка, која на програмата на ЗОИ е на 19ти Февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Лацио испратиле понуда за Гринвуд
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Greenwood-pitch-768x512-1.jpg)
Мејсон Гринвуд, играчот на Манчестер јунајтед, би можел да ја продолжи кариерата во Италија. Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ се во преговори со Лацио, кој ја испратил највисоката понуда до сега.
Лацио, споре италијанскте медиуми нуди 35,5 милиони евра, додека во Јунајтед се надеваат дека можат да добијат барем уште 10 милиони повеќе.
Повторно во доменот на шпекулации е дека Гринвуд сака кариерата да ја продолжи во Јувентус. Инаку, младиот фудбалер на манчестер јунајтед, по сите проблеми што ги имаше во приватниот живот, кога неговата девојка го обвини за силуање, поради што беше отсранет од тимот, зад себе има одлична сезона во Хетафе, постигна десет гола и забележа шест аситенции на 35 натпревари во Ла Лига. .
Гринвуд има уште една година од договорот со Јунајтед и ова е идеална можност клубот да заработи од неговиот трансфер.
Покрај Јувентус и Лацио, наводно интерес за Гринвуд покажале иБарселона, Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд.
Спорт
(Видео) Србите пееја: Дончиќ е еден од нас; Дончиќ: Срцето бие за Словенија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/4d9cc798-111b-4d77-a3be-99d5d353f476.jpg)
Денешниот дел од програмата на Европското првенство ќе почне со натпреварот помеѓу Словенија и Србија.
Натпреварот на „Алијанц арената“ почнува во 15 часот, а навивачите на двете репрезентации ја креваат атмосферата во Минхен пред да влезат на трибините.
Голем број словенечки и српски навивачи ги преплавија улиците на Минхен, се слушнаа и мали спортски провокации.
Српските навивачи им пееја на словенечките навивачи:
„Лука Дончиќ е еден од нас“.
“Luka Dončić jedan je od nas” pic.twitter.com/ErTIyHQOQc
— Милутин (@mylutin) June 20, 2024
Дончиќ е словенечки репрезентативец и еден од најдобрите кошарки во НБА-лигата. Сезонава беше избран во идеалната петорка, беше најдобар стрелец, а со Далас стигна до големото финале, каде што загуби од Бостон во пет натпревари.
Семејството Дончиќ потекнува од селото Бича во Косово.
По повод скандирањата на српките навивачи, се огласи и Дончиќ, кој ѝ даде безрезервна поддршка на репрезентацијата на Словенија.
#SrceBije za Slovenijo ❤️🇸🇮@luka7doncic | @kzs_si pic.twitter.com/7GjovzANAd
— NZS | FA Slovenia (@nzs_si) June 20, 2024
Спорт
Депај се сели во Серија А
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/1024.jpg)
Мемфис Депај по завршувањето на Европското првенство нема да се врати во Атлетико Мадрид. Тој е слободен играч и поради тоа е цел на неколку клубови.
Според Џанлука Ди Марцио, сериозен интерес за Депај покажал Милан, односно новиот тренер Паоло Фонсека.
Депај може да игра повеќе позиции во нападот.
Депај во својата кариера настапуваше за Манчестер јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид.