Спорт
Стефан Чолаковски потпиша за Перт Глори

Стефан Чолаковски, досегашниот напаѓач на Мелбурн Сити, е нов член на Перт Глори. Младинскиот репрезентативец потпиша двегодишен договор со Перт.
Тој во 2021 година дебитираше за младата фудбалска репрезентација до 21 година.
„Воодушевен сум што потпишав договор со Перт Глори, тоа е клуб со голема традиција. Среќен сум што ќе ја продолжам кариерата во еден реномиран клуб и се надевам дека ќе дадам голем придонес за идните успеси на Перт Глори“, изјави Стефан Чолаковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тибот Плајс потпиша за Панатинаикос

Германскиот кошаркар Тибор Плајс потпиша за актуелниот европски првак Панатинаикос.
Плајс (35) потпишал договор со грчкиот клуб до крајот на сезоната, стои во објавата на Панатинаикос на социјалната мрежа „Х“.
Германскиот центар во досегашниот дел од сезоната настапуваше за италијанскиот тим Трапани, додека претходно мина осум последователни сезони во Евролигата, настапувајќи за Галатасарај, Валенсија и Ефес. Со Ефес двапати ја освои титулата во тоа натпреварување.
Во Евролигата играше и за Бамберг, Басконија и Барселона, од која се пресели во НБА лигата. Сезоната 2015/16 ја мина во Јута Џез.
Панатинаикос неодамна го напушти грчкиот центар Костас Адетокумбо, кој се пресели во Мурсија, а од претходно се повредени Омер Јурцевен и Матијас Лесор.
Панатинаикос во Евролигата, го зазема третото место во поредокот со 16 победи и 10 пораи.
Спорт
(Видео) Најдобрата кошаркарка на сите времиња замина во пензија

Легендарната американска кошаркарка, 42-годишната Дијана Таураси, шесткратна олимписка шампионка и кошаркарка со најмногу постигнати поени во историјата на ВНБА, официјално објави крај на кариерата.
Таураси целата кариера која траеше 20 години во ВНБА ја мина во Феникс Меркјури. Со оваа франшиза освои три шампионски титули (2007, 2009, 2014 година) и двапати беше МВП на финалето.
Таураси, исто така, пет пати беше најдобра стрелец во лигата. Таа постигна вкупно 10.646 поени, речиси 3.000 повеќе од втората на вечната листа Тина Чарлс. Таураси освои шест последователни олимписки златни медали со репрезентацијата на САД, последниот пред шест месеци во Париз, иако за време турнирот имаше минимална минутажа.
Дијана Таураси се смета за најдобра кошаркарка на сите времиња. Никој нема повеќе олимписки медали од неа во светот на кошарката. Покрај успехот на Олимписките игри и во ВНБА, таа играше и за европските клубови Спартак Москва, Фенербахче и Галатасарај.
Има освоено шест Евролиги, седум руски првенства, а има и титула во турската лига. Таа се истакна и на Универзитетот во Конектикат, освои три шампионски титули и две награди за најдобар играч на сезоната.
Спорт
Роналдо има намера да ги купи акциите на Валенсија

Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо има намера да купи значителен дел од акциите на Валенсија и со тоа да стане мнозински сопственик на клубот од „Месталја“, пренесува „Фут Меркато“.
Истиот извор додава дека актуелниот сопственик на Валенсија, Питер Лим е подготвен да му го продаде на Роналдо мнозинскиот пакет акции во поранешниот шпански шампион и дека целата трансакција би можела да биде официјализирана до крајот на сезоната.
Се известува дека Роналдо има намера да се врати во Шпанија по завршувањето на кариерата во Ал Наср, каде играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година, а неговите планови со Валенсија се тесно поврзани со инвестициски фондови од Саудиска Арабија.
Доколку се остварат тврдењата, Валенсија со текот на времето повторно би можела да стане значаен фактор во шпанскиот фудбал.
„Лилјаците“ моментално се во зоната за испаѓање со ист број бодови како и Лас Палмас, кој е прв над линијата, а следниот меч ќе го имаат в недела на гостувањето кај Осасуна во Памплона.