Контакт

Спорт

Стерлинг бил подготвен да го напушти Манчестер сити

Објавено пред

Рахим Стерлинг му соопштил на Пеп Гаврдиола дека во зимскиот преоден рок сака да го напушти клубот. Англиските медиуми тврдат дека Стерлинг сакал да се пресели на заем во Барселона, но само под услов Каталонците, по завршувањето на сезоната, да го откупат неговиот договор од Манчестер сити.

Гвардиола има јасен став кога е во прашање Стерлинг. Тој не може да му гарантира место во првиот тим, смета дека крилниот напаѓач е важен за тимот, но тоа го заслужуваат и другите фудбалери.

„Не е моја работа да размислувам на оваа тема, а тоа не е ниту негова работа, ние треба да работиме на теренот. Доколку не незадоволен, тука се менаџерите, нивна работа е да преговараат, да му најде клуб, а потоа Сити и фудбалерот треба да најдат заедничко решение. Секогаш сум да се најде решение што ќе ги задоволи сите страни“, рекол Гвардиола.

Барселона и новиот тренер Чави не го кријат интересот за Стерлинг, но проблем за клубот е платата на фудбалерот. Платата од 17 милиони евра е мислена именка за Барселона, која се соочува со големи финансиски проблеми.

Намерата на Барселона е да понудат некој од своите фудбалери. Сити не бил заинтересиран за оваа опција.

Можеби ситуацијата ќе се подобри по завршувањето на сезоната, но само под услов клубот да го напуштат Дембеле, Умтити, Ленгле, Брејтвајт…



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Њукасл му нудат богатство на Лингард

Објавено пред

Челниците на Њукасл не се откажуваат од намерата да го засилат тимот со Џеси Лингард. Подготвени се да издвојат значителна сума за да го донесат на позајмица фудбалерот на Манчестер јунајтед.

Лингард не е задоволен од статусот што го има на „Олд Трафорд“. Кај новиот менаџер, Ралф Рангник, во последните 50 дена има одиграни само една минута.

За да го реализираат планот, челниците на Њукасл на Јунајтед им понудиле позајмицата да ја платат со 7.150.000 евра. Во исто време нема да штедат ниту на платата. ДОколку Лигнард ја прифати понудата ќе добие неделна плата од 595.000 евра.

Ако позајмицата се реализира, Лингард, барем до крајот на сезоната ќе биде фудбалерот со најголема плата во Премиер лигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Крај на сезоната за Ансу Фати

Објавено пред

Ансу Фати, најмалерозниот фудбалер на Барселона ја заврши сезоната. Младиот напаѓач, потврди дека го прифатил предлогот на клубот и дека ќе замине на нова операција.

Момчето кое од клубот ја доби „десеттката“, која ја носеше Лионел Меси, се повреди пред пет дена во Билбао. Во осмина-финалето, против Атлетик Билбао, Фати одигра 20 и нешто минути.

Се пожали на болка во бутниот мускул и со солзи во очите го напушти теренот.

Клупските доктори веднаш му предложиле операција, која треба да се изврши во Финска. Фати побарал неколку дена да размисли за овој предлог. На крајот прифатил.

„За жал минувам низ најтешките моменти во кариерата, но никогаш нема да се откажам. Ви благодарам за поддршката. Никогаш не се откажувај“, напишал Фати на „Инстаграм“.

Фати веќе имаше една долга пауза. Поради две операции на коленото тој минатата сезона играше само три месеци. Во кариерата има одиграно 53 натпревари за Барселона, на кои постигнал 18 голови.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Повредата на Бензема не била сериозна

Објавено пред

Карим Бензема, првото име на Реал Мадрид, е оптимист кога е во прашање повредата со која се здоби во неделата, против Елче.

Францускиот репрезентативец, против Елче играше 58 минути. Поради повреда на мускулот тој беше заменет. Претходно не реализираше пенал, при резултат 0:0.

Тој смета дека повредата не е сериозна и дека ќе има доволно време за рехабилитиација. Добра вест за Реал е што во Ла Лига следува куса пауза. Наредниот меч Реал ќе го одигра во Купот, против Атлетик Билбао на 3.февруари.

Потоа ќе играат во Ла Лига против Гранада и Виљареал, а на 15.февруари е првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите, против ПСЖ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија40 минути

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија2 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија2 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија3 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија5 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија5 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија6 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет6 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет6 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет16 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет18 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија22 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа22 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија1 ден

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија1 ден

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија1 ден

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија1 ден

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет1 ден

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Досие