Спорт
Стоичков: Барса на најдобриот во историјата му удри клоца во га..т
Легендарниот Христо Стоичков секогаш директно ги посочува проблемите во неговиот поранешен клуб Барселона. Најдобриот фудбалер во историјата на Бугарија го искоментирал најавеното заминување на Лионел Меси од Барселона.
„Уништивме мит, му удривме клоца во га..т на најдобриот играч во историјата на клубот. Му го валкаме името. Ова го зборувам како член на клубот. Оваа управа уништи сѐ, се бидува да ги сврти навивачите против играчите. Покрај тоа плаќаат новинари да ги шират тие приказни“, рекол Стоичков.
Бугаринот во Барселона играше во два мандати од 1990 до 1995 и од 1996 до 1998 година, освоил пет титули во ла Лига и една во Лигата на шампионите.
„Не знам зошто клубот вака се однесува со играчите кои овде испишале историја. Можеби се плашат дека тие играчи ќе им ги земат функциите. Не разбирам што се случува со тие луѓе“, заклучил Стоичков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кејн нема намера да го напушти Минхен
Хари Кејн без „влакна“ на јазикот проговори за својата иднина. Многу се шпекулира околу неговата иднина, откако медиумите објавија дека во неговиот договор постои клаузула, кој му овозможува по завршувањето на оваа сезона да го напушти Баерн за 65 милиони евра.
Хари Кејн, легенда на Тотенхем, повторно е во Лондон, утре во дресот на Баерн ќе игра против Арсенал.
Напаѓачот, во пресрет на дербито, ги негираше шпекулациите дека тој ќе се пресели во Барселона, по завршувањето на сезоната.
„Не сум бил во контакт со никого, не сум добил никаков повик. Се чувствувам многу задоволен таму каде што сум, иако се уште не сум преговарал со Баерн. Не брзам, бидејќи знам дека сум среќен во Минхен. Тоа можете да го видите во начинот на кој играм. Воопшто не размислувам за понуди пред следната сезона. Светското првенство е на прво место и речиси сигурно ништо нема да се промени дури ни по Светското првенство“, рече Кејн.
Потоа следеше прашање од печатот за тоа дали навивачите на Баерн треба да се грижат, на што Кејн категорично одговори:
„Не, не мислам дека има причина за тоа“, заклучи Кејн.
Англичанецот влегува во последната година од договорот на лето и сосема е јасно дека очекува понуда за продолжување на соработката.
Спорт
Англиските навивачи побараа замрзнување на цените на билетите до 2028 година
Здружението на фудбалските навивачи на Англија ги повика клубовите од Премиер лигата да ги замрзнат цените на билетите за следните две сезони.
Деветнаесет од 20-те клуба од Премиер лигата ги зголемија цените на билетите за сезоната 2024/25, а 13 од нив го сторија тоа пред почетокот на оваа сезона.
Затоа 116 навивачки здруженија, собрани во официјалното Здружение на фудбалски навивачи (FSA), потпишаа заедничко писмо со кое ги повикуваат клубовите да ги замрзнат цените на билетите за сезоните 2026/27 и 2027/28. Исто така, тие бараат од клубовите да објавуваат податоци за цените и да организираат дискусии со претставници на навивачите за идното планирање на цените.
Навивачите ги повикуваат клубовите да не бидат дел од група која практично ги ограбува навивачите и објаснуваат дека поради промените во системот за емитување, што доведува до промени во датумите на натпреварите, организирањето патување за натпреварот никогаш не било попредизвикувачко или поскапо.
„Нема да исплатите три милијарди колку што вложивте во траснфери во преодниот рок, високи провизии за менаџери и рекордно високи плати со зголемување на цените на билетите“, се вели во писмото.
„Но, зголемувањето на цените на билетите во многу аспекти ги депресира обичните навивачи кои секако се соочуваат со секојдневно зголемување на трошоците за живот. Ги разбираме комерцијалните односи, но затоа мора да ја подобриме нашата соработка и да најдеме поизбалансиран начин на соработка“, се додава во писмото.
Додадено е дека ограничувањето на цената на билетите за гостинските натпревари на 30 фунти е всушност историски договор што докажува дека клубовите и навивачите можат да работат заедно и да направат позитивни промени.
Здруженијата на навивачи се исклучително загрижени за трендот на зголемување на цените. Тоа е проблем што клубовите треба да го сфатат сериозно, да нè слушаат и да работат со нас за да најдат решение за да се осигурат дека навивачите можат да си дозволат да гледаат фудбал и да ги поддржуваат своите клубови“, се заклучува во писмото на навивачите.
Спорт
Куртоа ќе го пропушти дуелот во Атина
Реал Мадрид се соочи со неочекувани проблеми пред утрешниот натпревар со Олимпијакос во Лигата на шампионите.
Првиот голман, Тибо Куртоа, го напушти тренинг кампот Валдебебас поради гастроентеритис и ќе го пропушти натпреварот во Атина.
Реал Мадрид ќе го следи закрепнувањето на Куртоа во наредните часови. Постои минимална можност подоцна да им се придружи на соиграчите доколку неговата состојба се подобри. Во меѓувреме, клубот издаде медицински извештај кој го потврдува проблемот, но ја остава отворена можноста да им се приклучи на соиграчите.
Натпреварот во Атина ќе се игра утре со почеток во 21:00 часот.
„По денешниот преглед на нашиот играч Тибо Куртоа, кој го спроведе Медицинската служба на Реал Мадрид, кај него беше дијагностициран вирусен гастроинтестинален процес. Затоа, тој нема да патува за Атина. Неговото закрепнување се следи“, се вели во соопштението.
Куртоа ги одигра сите натпревари од сезоната досега, што значи дека натпреварот против Олимпијакос би бил неговиот прв што ќе го пропушти.
Неговото отсуство ќе ја отвори вратата за Андриј Лунин, кој ќе го има својот прв настап во сезоната под водство на Чаби Алонсо. Списокот на голмани за натпреварот од Лигата на шампионите ќе го комплетираат Фран Гонзалез како втор голман и јуниорот Хави Наваро.

