Спорт
Стоперот на Португалија и на Олимпијакос пак со лисици на рацете
Стоперот на грчки Олимпијакос, 27-годишниот Португалец Рубен Семедо, кој минатата година дебитираше за националниот тим, е уапсен во Атина поради обвинение за силување на 17-годишна девојка.
Полицијата доби пријава дека Семедо заедно со негов познаник наводно двајцата ја силувале девојката која претходно ја запознале во бар. Таа тврди дека Семедо ја опијанил, а потоа ја однел до куќата во Глифада.
Веднаш по силувањето, според изјавата на девојката, таа заедно со мајка ѝ отишле во полиција и го пријавиле случајот.
Грчките медиуми објавија видеоснимка на која фудбалерот со лисици на рацете е спроведен во притвор, а притоа тој дофрла „Невин сум. Сè е ова поради пари. Да не сум фудбалер, не би бил овде“.
Сепак, Семедо е веќе осудуван, неколкупати досега го кршел законот.
Во 2018 година додека беше играч на Вилјареал уапсен е затоа што во кафе-бар се заканувал со пиштол.
Еден месец подоцна беше обвинет и за обид за увиство, по што пак заврши во притвор.
Со кауција од 30.000 евра бил пуштен да се брани од слобода. По утврдувањето на казната, тој бил „полесен“ за 46.000 евра, а забранет му е влез во Шпанија цели 8 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

